Просечна жена може да роди 40 деца - Факти што докажуваат колку е неверојатно нашето тело

Човечкото тело крие толку многу тајни, што се верува дека голем дел од нив ги немаме ни откриено.

fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-neverojatno-nasheto-telo-01.jpg

Сепак, благодарение на медицината, денес знаеме за нашето тело повеќе од кога било, а научниците успеале да најдат одговор на некои од најчудните прашања.

Доколку не верувате дека нашето тело е навистина неверојатно, следниве факти ќе ве убедат во тоа:

Еден човек може да нахрани милион комарци

Човечкото тело има доволно крв да нахрани 1,2 до 1,8 милиони комарци.

Со еден убод, комарецот „пие“ околу 0,003 милилитри крв. Па, ќе биде потребна цела армија комарци за да ја испие целата крв од едно тело.

fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-neverojatno-nasheto-telo-02.jpg

И машките гради можат да произведуваат млеко

Сите луѓе, без разлика на полот, имаат млечни жлезди. Ова значи дека и машките гради можат да лачат млеко.

Сепак, ова се случува ретко и најчесто е поради хормонална нерамнотежа и преголем стрес.

fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-neverojatno-nasheto-telo-03.jpg

Една жена може да роди над 40 деца

Некои жени можат да родат и да одгледаат неколку десетици деца. Засега рекордот ѝ припаѓа на жена од Русија од 18-тиот век, која наводно родила дури 69 деца.

fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-neverojatno-nasheto-telo-04.jpg

Влакната на лицето растат најбрзо

Секој маж ќе ви го потврди овој факт, бидејќи тие добро знаат дека треба да се бричат секој ден.

fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-neverojatno-nasheto-telo-13.jpg

Женските отпечатоци од прсти се 99% поразлични од машките

Женската кожа лачи двојно повеќе аминокиселини од машката. Поради ова, научниците можат да го одредат полот на една личност само од нејзините отпечатоци.

fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-neverojatno-nasheto-telo-05.jpg

Начинот на којшто ги спојувате дланките покажува која мозочна хемисфера е доминантна

Доколку го поставувате десниот палец горе, тоа значи дека доминантна е десната хемисфера. Важи и обратното – доколку го поставувате левиот палец горе, тогаш доминантна е левата хемисфера.

Десната хемисфера е одговорна за емоциите и имагинацијата, а левата за аналитичкото и логичкото размислување.

Само 1% од луѓето ги поставуваат палците еден до друг и кај овие луѓе нема доминантна хемисфера. Односно, и двете се еднакво развиени.

fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-neverojatno-nasheto-telo-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg