„Живеј денеска, вчерашниот ден помина, утрешниот можеби нема да дојде“ - Инструкции за живот од тибетските мудреци

Илјадници книги се трудат да ни помогнат во пронаоѓањето одговор на прашањето: Што е животот? По дефиниција, кругот на животот е раѓањето, животот и смртта. И сè она што се случува во периодите помеѓу.

Instrukcii-za-zivot-od-tibetskite-mudreci-01.jpg

Дали вие го живеете животот онака како што посакувате? Прочитајте ги кусите инструкции од тибетските мудреци, можеби ќе извлечете добра поука за нештата коишто треба да ги смените за подобар и посреќен живот:

Ако нешто ти се допаѓа – кажи.

Ако нешто не ти се допаѓа – кажи.

Некој ти недостасува – јави му се.

Нешто не ти е јасно – прашај.

Сакаш да се видиш со некого – повикај го на средба.

Сакаш нешто – побарај го.

Никогаш не се расправај.

Сакаш да бидеш јасен – објасни.

Си погрешил нешто – веднаш кажи го и не барај оправдувања за себеси.

Секогаш имај предвид дека секој има своја вистина и дека таа често пати не се поклопува со твојата.

Не комуницирај со лоши луѓе.

Во животот најважна е љубовта, сè останато е залудно.

Проблемите на човекот постојат само во неговата глава.

Твоето опкружување не е ниту добро, ниту лошо, нему му е сеедно дали си тука или не си.

Обиди се да извлечеш задоволство од секое случување.

Секогаш имај на ум дека немаш втор живот.

Не биди досаден.

Запамети дека никому не му должиш ништо.

Запамети дека никој не ти должи ништо.

Не ги жали времето и парите што си ги потрошил за да го прошеташ светот.

Во животот секогаш сметај само на себеси.

Верувај им на своите чувства.

Со жените (како и со мажите) а и со децата, биди трпелив и по малку понизен.

Доколку си лошо расположен, помисли дека кога ќе умреш, нема да го имаш ниту тоа.

Живеј денеска, бидејќи вчерашниот ден помина, а утрешниот можеби нема никогаш да пристигне.

Знај дека денешниот ден – е најдобриот ден.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg