Спореди се со личноста којашто беше вчера: 12-те животни правила на Џордан Питерсон
Барај нешто значајно (а не само корисно)
Барајте длабочина и значење, а не само површна среќа. Џордан смета дека целта на животот не е да биде среќен.
Тој тврди дека овој начин на размислување е погрешен, а за да го докаже ова направил интересна споредба. На пример, веселата мелодија што ќе ја слушнете во лифт или на радио, сигурно нема да биде подобра од трагичните сонати на Бетовен.
Па, секогаш барајте длабочина и значење, а не само површна среќа.
Кажувај ја вистината, или барем не лажи
Ако сакате да бидете добра личност, почнете од претпоставката дека поголемиот дел од работите што ги кажувате не сте ги измислиле вие. Понекогаш дури не можете ни да бидете сигурни дека верувате во нив.
Па, секогаш зборувајте ја вистината и она во што навистина верувате. Лагите само ќе ве направат послаби.
Претпостави дека твојот соговорник знае нешто што ти не го знаеш
Интелектуалецот не е личност која знае сè, туку личност која секогаш сака да научи нешто ново.
Џордан ги советува сите да си го постават прашањето: „Сакаш да бидеш во право или да научиш нешто ново?“
Значи, вистински слушајте што ви кажуваат другите, а не само да чекате да ви дојде ред за зборување.
Зборувај прецизно
Според Џордан, и многу филозофи пред него, за да станеме свесни за нешто, тоа треба да има име. Мора да постои збор кој е одреден само за тоа нешто.
Тогаш зборот излегува од хаосот и станува нешто јасно, без разлика колку ужасно звучел претходно.
Оној кој ќе ја пробие бариерата на говорот, може да го совлада и најстрашното чудовиште. Односно, кога добро ќе го дефинирате вашиот проблем, тогаш, на некој начин, и сте го решиле.
Не им додевај на децата додека возат скејтборд
Еднаш Џордан гледал деца кои возеле скејтборд и бил револтиран од ризиците на коишто се изложувале. Кога во училиштето одлучиле да ги преправат скалилата за децата да не можат да возат на нив, Џордан се противел.
Наводно, иако опасно, возењето скејтборд, или кое било опасно однесување, го гледа како спонтан процес на развој.
Кога на децата ќе им забраните одредени активности, им го забавувате, или целосно го сопирате нивниот развој.
Истовремено ги претворате во плашливи и слаби личности.
Погали ја мачката на улица
Ова правило важи и за кучиња. Целта на ова е да ги искористите позитивните ситници сред некоја лоша ситуација. Штом ќе видите можност за интеракција со некој или нешто, искористете ја.
Исто така, не очекувајте веднаш да ги решите големите проблеми. Нештата не функционираат на овој начин. Ако моментално животната ситуација ви е тешка, не гледајте во иднината, туку испланирајте ги само следните 2 минути.
Тешките проблеми се решаваат со мали чекори.
Спирова С. | Црнобело