95% од населението се мажи и уште 14 неверојатни факти за Ватикан
Продавниците во Ватикан немаат данок
Можеби веднаш ќе посакате да си купите нешто, но речиси невозможно е обичните смртници да влезат таму.
Жителите на Ватикан имаат привилегии, а цените во продавниците се за околу 25% пониски. Ова правило е за продукти, скап алкохол, брендирана облека и обувки.
Железничката во Ватикан е најкратка во светот
Должината на оваа пруга е 914 метри, од кои 300 минуваат нив Ватикан. Претходно пругата била само за папата, но сега е отворена и за туристи.
Апостолската библиотека во Ватикан има над 1 милион книги
Библиотеката била основана во 15-тиот век од страна на папата Сикстус IV и нејзината колекција редовно се обновува.
Денес, во библиотеката има 1,6 милиони печатени книги, 150.000 ракописи, над 100.000 мапи и 300.000 монети и медали.
Секоја година, во библиотеката се додаваат 6.000 нови книги.
Свети Петар е една од најголемите христијански цркви во светот
Свети Петар се смета за најголемата градба од ренесансата. Нејзината изградба започнала во средината на 16-тиот век, а била завршена дури 120 години подоцна.
Во базиликата собира околу 15.000 луѓе, додека на плоштадот дури 80.000.
Католиците ширум светот сонуваат да ја банката раката на папата
Уште од Средниот век, постои традиција според која секој посетител на Ватикан, треба да му ја бакне раката на папата.
Луѓето ја бакнуваат раката на која папата го носи „Прстенот на рибарот“, кој го потсетува дека е наследник на апостолот Петар.
На прстенот е претставен Петар, како фрла мрежа за риба од чамец.
Спирова С. | Црнобело