95% од населението се мажи и уште 14 неверојатни факти за Ватикан
За жена да може да живее во Ватикан, мора да се венча со член на Швајцарската гарда
За жените е речиси невозможно да живеат овде, освен ако не се венчаат со член од Швајцарската гарда.
Сепак, и овде има некои пречки. На пример, војниците можат да се венчаат само со посебна дозвола. Истовремено, и идната невеста мора да добие посебна дозвола од Ватикан.
Интересно е што во Гардата се најмуваат само ергени.
Ватикан е единствената држава без наталитет
Причината за ова е што во Ватикан нема болници за породување. Жените од Ватикан секогаш се породуваат во римски болници.
Италијанската амбасада на Ватикан е лоцирана во Италија
Италијанската амбасада во Ватикан е уникатна бидејќи се наоѓа на своја територија.
Во Ватикан не е дозволено поставување на странски репрезентативци, па сите амбасади од Ватикан се сместени во Рим.
Во Ватикан има една бензинска станица
Оваа бензинска е неверојатна поради цените на гориво кои се премногу ниски. Иако секој Италијанец би сакал да си полни гориво овде, дозвола за тоа имаат само жителите на Ватикан.
Локалната пошта е најпопуларната во светот
Познатата ватиканска пошта е призната како една од најдобрите во светот. Работи многу брзо, па многу Италијанци ја користат.
Локалниот поштенски код е најпопуларниот, бидејќи оттаму се испраќаат најмногу писма. Секоја година се испраќаат околу 2,5 милиони писма, 7 милиони разгледници и околу 20.000 пакети.