95% од населението се мажи и уште 14 неверојатни факти за Ватикан
Ватикан е најмалата држава во светот, се наоѓа во Рим и се протега на површина од 44 хектари.
Во Ватикан живеат само 799 луѓе, но годишно го посетуваат околу 5 милиони туристи.
Ватикан е навистина уникатно и необично место, а тоа ќе ви го докажат следниве факти:
95% од населението се мажи
Населението во Ватикан главно го сочинуваат свештеници и војската (Швајцарската гарда). 95% од вкупното население се мажи, а останатите се сопругите и децата на војниците од Швајцарската гарда.
Државјанството е привремено
Државјанството го издава Ватикан. Пасошот број 1 најчесто му припаѓа на папата, кој не смее да има друго државјанство освен тоа.
Сепак, постојат исклучоци. Папата Френсис го зачува неговото аргентинско државјанство (пасошот и личната карта на фотографијата), а и папата Бенедикт го направи истото.
Државјанство можат да земат вработените во државата и нивното семејство. Ватиканските пасоши се исти како дипломатските и, се разбира, ги има многу малку.
Децата го губат државјанството кога ќе наполнат 18 години, или кога ќе го изгубат нивните родители.
Целиот град е заштитен од УНЕСКО
Ватикан е единствената држава чија цела територија е под заштита на УНЕСКО.
Чистење мурали и забрана за фотографии во Систинската капела
Поголемиот дел од туристите доаѓаат во Ватикан за неверојатната Систинска капела. Во капелата е забрането да правите фотографии и додека сте внатре, можете само да шепотите.
Постови и работна позиција, чистач на мурали на Систинската капела, која прв пат се појавила во 1543-та година. Муралите почнале да паѓаат поради појавата на пукнатини и се реставрирани неколку пати.
Последната реставрација била направена пред околу 25 години и за неа биле потрошени 4,2 милиони долари.
На Велики петок можете да го видите папата легнат пред олтарот
На Велики петок се одржуваат неколку црквени церемонии во Ватикан, од кои една e Патот на Исус. Најпрво папата, облечен во црвена мантија, легнува пред олтарот со лицето свртено надолу. Зад него коленичат свештениците и сите на глас кажуваат молитва за Велики петок.