„Сиромашните се најбогати – секогаш тие плаќаат“ – најтажните цитати за сиромаштијата
За некои е состојба на умот и духот, за други пак бројката на банковното салдо. Што всушност е сиромаштијата? Многумина се обидете да одговорат на ова прашање. Според Мајка Тереза, луѓето се многу повеќе гладни за љубов, отколку за леб.
Бугарскиот народ тврди дека доколку не постојат сиромашните, ќе нема кој да работи.
Прочитајте ги најубавите цитатите и народни поговорки за сиромаштијата кои неминовно ќе ве растажат:
„Не треба да се срамите од сиромаштијата. Има многу повеќе луѓе што треба да се срамат од своето богатство“ – Јохан Нестрој
„Никогаш не сум бил сиромашен, но сум бил без пари. Да се биде без пари е минлива состојба: да се биде сиромашен е состојба на духот“ – Мајк Тод
„Богатиот во тепачката настојува да го зачува лицето, а сиромашниот капутот“ – Руска народна поговорка
„Сиромаштијата е најлошата форма на насилство“ – Махатма Ганди
„Оној што се плаши од сиромаштијата, не е достоен за изобилство“ – Волтер
„Богатиот прави планови за утре, сиромашниот за денес“ – Кинеска народна поговорка
„Сиромашните се најбогати – секогаш тие плаќаат“ – Непознат автор
„Сиромаштијата е мајката на криминалот, а благосостојбата мајката на неморалот“ – Аристотел
„Кога богатите војуваат, сиромашните умираат“ – Жан Пол Сартр
„Смртната казна е темелно погрешна како казна за злосторството, како што е милостината погрешен лек за сиромаштијата“ – Хенри Форд
„Да не би постоеле сиромашните, не би имало кој да работи“ – Бугарска народна поговорка
„Не постои сомнеж дека потребата за храна е сè уште главната причина за големите политички случувања“ – Бертранд Расел
„Законите секогаш им одат во корист на оние коишто имаат многу, а им штетат на оние што немаат ништо“ – Жан Жак Русо
„Осаменоста и чувството дека си непожелен се најголемата сиромаштија“ – Мајка Тереза
„Еден ден нашите внуци ќе одат во музеј за да видат како изгледала сиромаштијата“ – Мухамед Јунус
„Во сиромашна куќа и Бог е гладен“ – Корејска народна поговорка
„Подобра е сигурноста во сиромаштијата, отколку грижата за богатството“ – Федар
„На слабиот бивол ниту мувата не слетува“ – Унгарска народна поговорка
„Богатиот човек никогаш не е стар за ниту една девојка“ – Француска народна поговорка
„Милостината подеднакво го понижува и оној што ја прима како и оној што ја дава“ – Анатол Франс
„Оној што има малку пари си вели: Што да правам со нив?, а оној што има многу вели: Господе, дај ми повеќе!“ – Арапска народна поговорка
„Без разлика дали е крал или селанец, најсреќен ќе биде оној што ќе пронајде мир во својот дом“ – Јохан В. Гете
„Шушкањето во полниот џеб е погласно од кркорењето на празниот желудник“ – Франклин Рузвелт
„На богатиот му е тешко да стане скромен, а на скромниот да стане богат“ – Епиктет
„Сиромаштијата и стравот создаваат лажливци“ – Данска народна поговорка
„Сиромаштијата влегува низ вратата, додека љубовта излегува низ прозорецот“ – Романска народна поговорка
„Кога човекот има пари и статус, тогаш сè му е дозволено“ – Теодор Рузвелт
„Во светот постои поголем глад за љубов и почитување, отколку за леб“ – Мајка Тереза
„Старост и сиромаштија, само една од овие две неволји е доволна“ – Кинеска поговорка
„Богат е оној што не е должен никому“ – Непознат автор
(О)Милена | Црнобело