Големата љубов и големиот успех со себе носат голем ризик: 18 правила за среќен живот од Далај Лама

Независно од религиската припадност, правилата за среќен живот на Далај Лама им користат на сите.

golemata-ljubov-i-golemiot-uspeh-so-sebe-nosat-golem-rizik-18-pravila-za-srekjen-zivot-od-dalaj-lama-01.jpg

Во нив ќе пронајдете многу подлабока смисла, како и насмевка за малку посамоуверен начин за соочување со денешните проблеми.

1. Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси нужно со себе си носат и голем ризик.

2. Во животот не можете да победите секојпат, па затоа е многу важно од поразот да ја научите лекцијата.

3. Следете го правилото 3П: Почитувај се себе, почитувај ги другите и преземај одговорност за своите дела.

4. Понекогаш најдобрата работа која може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.

5. Добро научете ги правилата за да знаете добро да ги прекршите.

6. Не дозволувајте малите несогласувања да ви наштетат на големото пријателство.

7. Кога ќе сфатите дека сте погрешиле, веднаш направете сè што можете за да ја поправите грешката.

8. Секој ден одвојте барем малку време за себе.

9. Не се плашете да пробате нешто ново, но не ги напуштајте своите вредности.

golemata-ljubov-i-golemiot-uspeh-so-sebe-nosat-golem-rizik-18-pravila-za-srekjen-zivot-od-dalaj-lama-02.jpg

10. Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остарите и ќе почнете да размислувате за својот живот, во него ќе можете да уживате по вторпат.

12. Атмосферата преполна љубов во вашиот дом е темелот на вашиот живот.

13. Кај несогласувањата со саканите, занимавајте се исклучиво со сегашната ситуација. Никогаш не се повикувајте на минатото.

14. Учете и делете го своето знаење со другите. Тоа е единствен начин да останете бесмртни.

15. Чувајте ја мајката природа.

16. Еднаш годишно, одете на место на кое никогаш не сте биле.

17. Запаметете дека најдобрата врска е онаа во која вашата љубов еден за друг е многу посилна од потребата еден за друг.

18. Проценете го својот успех според она од што сте морале да се откажете за да го постигнете.

golemata-ljubov-i-golemiot-uspeh-so-sebe-nosat-golem-rizik-18-pravila-za-srekjen-zivot-od-dalaj-lama-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg