Изумителот на Рубиковата коцка не можел да ја реши повеќе од еден месец и уште 15 непознати факти
Кога ќе го слушнете зборот Samsung, сигурно прво помислувате на смартфон, а не на вид корејска риба. Или, пак, додека го користите Google, веројатно не сте помислиле дека неговото име е резултат на печатна грешка.
Иако речиси секој ден ги користиме услугите и продуктите на овие брендови, овие факти за нив сигурно ви се непознати.
1. Бојата на Facebook е сина бидејќи Марк Закерберг е далтонист и не може да ги гледа црвената и зелената боја.
2. Името на пијалакот Coca-cola потекнува од листовите кока и плодот од растението кола.
3. Човекот што го измислил вазелинот толку многу верувал во неговиот продукт, што секој ден јадел по една лажица од него, сè до неговата смрт на 96-годишна возраст.
4. Компанијата Samsung започнала како продавница за намирници. Овде се продавале сушена корејска риба, зеленчук и нудли.
5. Во Јапонија се продаваат Fanta пијалаци со 80 различни вкусови.
6. Човекот што ја дизајнирал амбалажата за чипсот Pringles бил навистина горд за неговиот изум. Поради тоа, кога починал, дел од неговата пепел била закопана во Pringles амбалажа.
7. Маиците на кратки ракави најпрво биле наменети за ергени кои не знаеле да шијат.
8. Името Google е резултат на печатна грешка. На почетокот пребарувачот го имал името googol, што означува број со 100 нули.