Земја на автомати и „распеани“ тоалети: Чудни и необични факти за Јапонија
Божиќна вечера од KFC
Наводно, над 3,6 милиони Јапонци го прославуваат Божиќ со вечера од KFC. Целата традиција започнала со одлична маркетинг кампања во 1970-та година, кога се отворил првиот KFC ресторан во државата.
Сепак, Божиќ не е голем празник во Јапонија бидејќи помалку од 2% од населението се христијани.
Најгусто населениот град
Токио е најгусто населениот град во светот и во него живеат околу 38 милиони Јапонци. Кога ќе се земе предвид дека Јапонија има 127 милиони жители, тоа е навистина голем процент.
Една од најбезбедните држави во светот
Стапката на криминал во Јапонија е толку ниска, што речиси и да не постои. Јапонците се искрени и добри луѓе кои го следат законот, а јапонските закони се навистина строги, па речиси секој избегнува да си направи проблем.
Висока стапка на самоубиства
За жал, Јапонија ја има највисоката стапка на самоубиства во светот. Минатата година бројот на млади што си го одзеле животот достигна нов рекорд.
Шумата за самоубиство е најпопуларното место каде што луѓето си го одземаат животот, веднаш после мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Шумата се наоѓа на основата на планината Фуџи и се вели дека повеќето луѓе што влегле во неа никогаш не се вратиле.
Распеани тоалети
Можеби најчудното нешто во Јапонија се тоалетите. Јапонските тоалети школки прават речиси сè - од загревање, до пеење.
4 е баксузен број
Во јапонската култура неретко се избегнува бројот 4 бидејќи на јапонски звучи слично како и зборот смрт. Многу често зградите немаат 4-ти кат, и речиси никогаш нема да видите група од 4 пријатели.
Најдобриот јапонски подарок
Ако не знаете што да подарите на некој Јапонец, нема да погрешите со овошје. Овошјето овде е навистина скапо, а во Токио постои посебна продавница за подароци каде што некои овошки се по цена од други 27.000 долари.
Маска за болни луѓе
Сигурно имате забележано дека многу Јапонци шетаат со маска за лице. Можеби мислевте дека ги носат бидејќи не сакат да се разболат, но всушност важи спротивното – оние кои се болни носат маски за да не ги заразат другите.
Земја со многу земјотреси
Токио се наоѓа на активна област каде што земјотресите се навистина чести – секоја година има над 1.500. Ова не е ништо во споредба со Нов Зеланд, каде што има над 15.000 земјотреси годишно.
Чистење
Чистењето е важен дел од Јапонската култура, па дури и се учи во училиште. Студентите и учениците самите го чистат нивното училиште и од сите се очекува да ги одржуваат домот и работното место чисти.
Спирова С. | Црнобело