Паметните луѓе пијат повеќе и моралните вредности остануваат исти и на пијано: Факти за пијанството
Пијаните имаат поголеми шанси за преживување повреди
Постои мит според кој пијаните луѓе имаат поголеми шанси да преживеат сообраќајна несреќа. Наводно, алкохолот го опушта телото, со тоа спречувајќи ги посериозните повреди.
Интересно е што се покажало дека сериозните промени можат да предизвикаат проблеми како шок, воспаленија и брза дехидратација. Овие нешта се всушност убијците, а не самите повреди. Но кога личноста е пијана, подобро се справува во овие ситуации.
Опасностите од пијано спиење
Кога некој пријател ќе испие повеќе, сигурно сметате дека најдоброто нешто за него е да го однесете во кревет за да спие. Но доколку личноста е премногу пијана, спиењето може да биде фатално.
Проблемот е што дури и откако ќе престанете со пиење, нивото на алкохол во крвта може да се зголеми. Ова, пак, води до повраќање, задушување, напади, кома, тешкотии при дишењето, па дури и смрт.
Според експертите, во ред е да го оставите пријателот да спие сè додека дишењето му е нормално.
Интелигенција и пиење
Неколку истражувања од САД и Велика Британија покажале дека колку е поинтелигентна некоја личност, толку е поверојатно да пие повеќе.
Точната причина за ова не е позната, но постојат бројни примери за генијалци алкохоличари – Ернест Хемингвеј, Винсент Ван Гог, Винстон Черчил и Чајковски биле познати за нивната љубов кон алкохолот.
Спирова С. | Црнобело