Не можете да кивнете додека спиете: 14 факти за сите кои сакаат да научат нешто ново
Луѓето делат 60% од нивната ДНК со бананите
Можеби не е чудно што 96% од нашата ДНК е идентична со шимпанзата, но навистина неверојатен е фактот дека 60% од нашата ДНК е идентична со онаа на кокошките и бананите.
На креаторот на Рубиковата коцка му бил потребен цел месец да ја реши
Ерно Рубик бил професор по архитектура и сакал да направи алатка за учење, па ја создал Рубиковата коцка. Кога ја направил, му бил потребен цел месец да ја реши, а денешниот рекордер ја решил за 4,22 секунди.
Најголемиот временски интервал помеѓу раѓањето на пар близнаци е 87 денови
Возрасната разлика помеѓу близнаците Кејти и Ејми Џоунс Елиот е дури 87 денови. Во 2012-та година, породувањето на нивната мајка започнало 4 месеци порано. Тогаш ја родила Ејми, но Кејти останала во матката уште 3 месеци.
Во Кентаки постоеле луѓе со сина боја на кожата
Се верува дека ова семејство ја добило сината боја на кожата поради инцест, но и ретко генетско наручување.
Гинисовата книга на рекорди е најкрадената книга од јавните библиотеки
Најкрадените книги од книжарници се делата на Харуки Мураками. Рекордот за најкрадена книга од библиотеки ѝ припаѓа на Гинисовата книга на рекорди.
Невозможно да ждригнете во вселената
Воздухот е полесен од течностите и тврдите тела, па поради ова лесно излегува од вашиот стомак. Но поради намалената гравитација во вселената, воздухот во стомакот не се одделува од храната, па невозможно е да ждригнете.
Повеќето кармини содржат крлушки од риба
Некои кармини содржат супстанца позната ако pearlescence која се добива од крлушките на рибите. Покрај кармините, оваа состојка се наоѓа во лаковите за нокти и многу други козметички продукти.
Сепак, денес почесто се користи синтетичка верзија на супстанцата.
Спирова С. | Црнобело