Не можете да кивнете додека спиете: 14 факти за сите кои сакаат да научат нешто ново
Постојат толку многу нешта што можете да ги научите за светот околу нас, а одвреме-навреме сигурно ќе налетате на нешто што ќе ви звучи неверојатно.
Доколку сакате вакви необични факти, тогаш сигурно ќе ви се допаднат следниве 14:
Солта прави ананасот да биде уште поблаг
Во овој случај виновен е начинот на којшто мозокот го процесира вкусот. Кујнската сол може да го намали горчливиот вкус на храната, а истото го прави и кај ананасот.
Кога мозокот не добива сигнал за горчливо, тоа значи дека не може да го потисне слаткиот вкус.
Луѓето не киваат додека спијат
Додека спиеме, мозокот го исклучува рефлексот за кивање. Доколку постојат доволно надворешни фактори што предизвикуваат кивање, како прашина, пердуви или животинско крзно, тогаш ќе се разбудите па ќе кивнете.
Кравите имаат акцент
Неретко можете да одредите од каде доаѓа некој според неговиот акцент. Но дали знаевте дека истото важи и за кравите и птиците? Фармерите од Самерсет забележале дека нивните крави мукале различно во зависност од каде ги донеле.
Веројатноста да добиете на лото е помала отколку да ве погоди метеор
Веројатноста да ви се падне лото е околу 1 во 195 милиони. Од друга страна, веројатноста да умрете од метеор, астероид или комета е околу 1 во 1.600.000.
Мразот во рестораните за брза храна е повалкан од водата од тоалетна школка
Едно истражување покажало дека мразот во 6 од 10 ресторани содржи повеќе бактерии отколку водата во тоалетот, најверојатно бидејќи тоалетите се чистат почесто од машините за мраз.
Зајдисонцата на Марс се сини
Зајдисонцата на Марс имаат сина боја поради ситната прашина која ѝ овозможува на сината светлина поефикасно да продре во атмосферата. Кога сината светлина се расфрла од честичките прашина, останува поблиску до насоката од сонцето за разлика од другите бои.
Кочанот од пченката бил „тоалетна хартија“ за Американците во минатото
Пред тоалетната хартија да се појави во Америка, Американците употребувале кочан од пченка бидејќи бил лесно достапен и флексибилен.