Штом ќе успеете - ќе почнат навредите: 20 животни совети од најдобриот психолог на светот

Секој што барем малку ја проучувал психологијата, сигурно го сретнал името Михаил Литвак. Овој руски психотерапевт е еден од најценетите и најцитираните психолози ширум светот. Најголем дел од славата стекнал благодарение на неговиот метод за решавање познат како „психичко аикидо“.

20-zhivotni-soveti-od-najdobriot-psiholog-vo-svetot-01.jpg

Па, сигурно ќе сакате да слушнете неколку животни совети од најдобриот психолог на светот:

1. Ако една личност не може да каже ништо добро за себе, а сака да каже нешто, тогаш почнува да зборува лошо за другите.

2. Фатете се за наука, а не за врат со своите сакани ако навистина сакате да научите нешто.

3. Депресивната состојба им е дадена на луѓето за да можат да размислуваат за себе.

4. Никој не отфрла никого, само некој се придвижува напред. Оној којшто застанал смета дека е отфрлен.

5. Ако имате добро мислење за себе, зошто тогаш и некој друг треба да има добро мислење за вас?

6. Правете го она што го сакате и не барајте дозвола. Нема да ја добиете.

7. Способноста да се сакате и добро да се справувате со самотијата е показател за духовна зрелост. Сите работиме најдобро кога сме осамени.

8. Незрелата личност често знае, но не прави ништо. Зрелата личност не само што знае, туку и прави. Затоа незрелата личност критикува, а зрелата делува.

20-zhivotni-soveti-od-najdobriot-psiholog-vo-svetot-02.jpg

9. Јас не го знам патот до успехот, но го знам патот до неуспехот – тоа е желбата да се расправаме со сите.

10. Нема машка или женска логика, постои само способност или неспособност за мудро размислување.

11. Сакате да го откриете вашиот најголем непријател? Погледнете се во огледалото. Справите се со него и другите ќе се разбегаат.

12. Штом ќе успеете, ќе почнат навредите.

13. Разговорот со пријателите е пријатен, разговорот со непријателите е корисен.

14. Постои само една причина за прекинување на врската или работниот однос – неможност за личен развој во дадените околности.

15. Треба да споделувате само радост, и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се радуваат, а непријателите ќе бидат вознемирени.

20-zhivotni-soveti-od-najdobriot-psiholog-vo-svetot-03.jpg

16. Не барајте ја среќата и ќе го најдете местото каде што се наоѓа. Среќата ќе ве најде самата. Можам да ви кажам каде се наоѓа вашата среќа – во вас. А патот до неа е максимален развој на сите ваши способности.

17. Среќата е „нуспроизвод“ од правилно, организирано делување.

18. Ако некому сакате да докажете нешто, тоа значи дека живеете за она што сакате да го докажете. Доколку живеете за себе, тогаш нема потреба да докажувате ништо на никого.

19. Имагинацијата е гласот на нашите способности. Па, јас не сонувам да пеам опера. Немам ни глас, ни слух. А доколку би сонувал, моите способности ќе се развиваат во склад со таа желба. Поради тоа би се трудел да станам успешен во операта. Само треба да размислам како ќе го исполнам тој сон. Овде е најважно да не брзате, бидејќи тогаш соништата се остваруваат релативно брзо. Добро е кога некој за себе може да каже: „Јас се занимавам само со обиди да ги исполнам моите соништа.“

20. Подобро да комуницирате со добра книга отколку со празен човек.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg