Мудростите на браќата Стругацки: „На луѓето им се потребни пари, за никогаш да не треба да размислуваат за нив“
Борис и Аркадиј Стругацки, најпопуларните „книжевни“ браќа, не се само писатели на научна фантастика. Браќата Стругацки долго време останале водечки претставници на советската фантастика. Секоја нова книга предизвикувала контроверзни дискусии.
Борис Стругацки често се шегувал и кажувал: „Јас сум само половина писател“, имајќи предвид дека само заедно со неговиот брат, Аркадиј, можел да твори. Нивните романи се полни со најдлабоки филозофски мисли.
Издвојуваме дел од нив:
„Во 83% од случаите, сите денови започнуваат идентично: со ѕвонење на будилникот.“
„Сè е во најдобар ред: На луѓето им се потребни пари за никогаш да не треба да размислуваат за нив.“
„Мувите замислуваат дека летаат додека го удираат стаклото. Јас замислувам дека се движам само затоа што ги движам нозете.“
„Ако, во името на идеалот, човекот треба да прави лоши работи, тогаш е вредноста на таквиот идеал сра*е.“
„Зошто да не замолкнеме кога сè е јасно и без зборови?“
„Никој од нив не знаеше што точно е среќата и што е смислата на животот. На крајот, тие ја прогласија работната хипотеза дека среќата се состои од постојано откривање на непознатото и дека смислата на животот се заклучува во истото.“
„Која е поентата да зборуваме за иднината? За иднината не се зборува, истата се создава!“
„Кога триумфира просечноста, будалите секогаш доаѓаат на власт.“
„Историјата на човештвото нема да заврши со експлозивна, космичка катастрофа. Нема да заврши во пламенот на атомската војна, нема да се задушиме од пренаселеност, туку во ситост и спокоен молк.“
„Нема ништо во светот што не може да се коригира.“
„Среќа е кога го сакате она што го можете и кога можете да го направите она што го сакате.“
Ашера | Црнобело