„Животот не е тежок, тешки се луѓето во него“ - најмудрите цитати за животот

Што е животот? Еден здив, капка вода во дланките која се обидуваш да не ти се лизне низ нив. Поминува додека да трепнеш, па што точни помислуваме во миговите кога сфаќаме дека тој се наближува при крајот?

Najmudrite-citati-za-zivotot-01.jpg

Низ неколку кинески поговорки, мудрите мисли на Конфучие, Ниче, Хесе, Бернард Шо, Оскар Вајлд, Молиер, Максим Горки, па дури и Барак Обама, прочитајте ги најмудрите цитати во животот и размислете – што претставува тој за вас?

1. „На овие простори животот е краток, но денот е вечен“.

2. „Животот не се мери според бројот на вдишувања коишто сме ги направиле, туку според бројот на моментите кои ни го одземале здивот“.

3. „Живеам во мала куќа, но нејзините прозорци гледаат кон еден огромен свет“.

4. „Животот е она што се случува додека правиш планови“.

5. „Желбата за она што го немаме најчесто не ни дозволува да уживаме во она што го имаме“.

6. „Нашиот живот повеќе го обликуваат очекувањата и надежите, отколку искуството“.

7. „Животот се испишува без гума за бришење“.

8. „Животот на секој човек е пат кон самиот себе“.

9. „Најдобриот начин да не правиш грешки е да стекнеш искуство, а најдобриот начин да го стекнеш искуството е да учиш на сопствените грешки“.

10. „Пилето не може да го види светот додека не ја скрши лушпата од јајцето коешто го штити“.

11. „Луѓето пронајдоа многу начини како времето, односно животот да им помине побрзо, а ниту еден да го забават“.

12. „Сите ние сме во калта, само што некои од нас гледаат во ѕвездите“.

13. „Смислата на животот не е да живееме вечно, туку да создадеме нешто што ќе живее вечно“.

14. „Животот не е тежок, тешки се луѓето во него“.

15. „Подобро е да се умре, отколку постојано да се живее со страв од смртта“.

16. „Подобро е да се живее еден ден како лав, отколку 1000 години како овца“.

17. „Трагедијата на животот е тоа што брзо старееме, а многу споро стануваме мудри“.

18. „Луѓето си го губат здравјето со цел да заработат повеќе пари, а потоа истите ги даваат на лекување“.

19. „Каква тишина би настанала кога луѓето би зборувале само за она што вистински го знаат“.

20. „Совршенството не е она каде што нема што да се додаде, туку она од што нема што да се одземе“.

21. „Живееме и учиме полека, но за жал не се живее долго“.

22. „Научени сме да преживуваме, но не и како да живееме“.

23. „Не грижи се колку години од животот поминале, туку колку од нив биле исполнети со живот“.

24. „Навистина е фрустрирачко кога ги знаете сите одговори, а никој не ве прашува ништо“.

25. „На секоја голема промена ѝ претходи хаос“.

26. „Во животот не постојат грешки, само лекции“.

27. „Ние сме тука на земјата да им помогнеме на другите. А зошто се другите тука, навистина, не знам“.

28. „Вистинската смисла на животот е да садите дрвја под чија сенка не очекувате да седите“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg