Животните неуспеси се неизбежни - 10 факти што луѓето упорно одбиваат да ги прифатат

6. Не се паднати врз вас сите неправди на овој свет

Сигурно секој од нас познава вистински херој, кој постојано се бори со животните неволји, но продолжува да живее и да делува како ништо да не се случува.

Сите, дури и навидум најсреќните луѓе, ги имаат своите проблеми - но не ги покажуваат. Во моменти на очај корисно е да се запамети дека не сте единствените луѓе кои патат.

7. Сите луѓе носат маски

Ќе се согласите дека се однесувате како сосема различни луѓе кога сте на работа, кога сте сами со партнерот и кога сте со друштвото. Луѓето буквално ставаат соодветни маски во секое друштво и за секоја ситуација.

Zivotnite neuspesi se neizbezni 10 ocigledni fakti sto lugeto uporno odbivaat da gi razberat 04

8. Пријателите се намалуваат со текот на времето, но тоа не е лошо - повеќе ги цените 

Пријателите се највредното нешто што некој го има. Тие со текот на времето стануваат повеќе вредни. Имавте десетици пријатели на училиште, но после триесетата година веројатно ќе можете да ги броите на прсти.

9. Никој не размислува исто како вас

Знаете, адолесцентите не грешат кога мислат дека никој не ги разбира. Никој не разбира целосно никој, затоа што секоја личност на овој свет го гледа светот од своја перспектива.

Малкумина ја земаат предвид оваа едноставна вистина пред да започнат да се нервираат, караат и да ги обвинуваат своите најблиски пријатели дека не ги разбираат очигледните работи.

10. Секој ве искористува на свој начин

Сите ние се користиме на некој начин. Работодавачот ги користи вашите способности, вашиот партнер ги користи вашите емоции и вашето тело, вашите пријатели ја користат вашата весела природа, вашата способност да позајмувате пари… Дури и вашата најдобра пријателка се дружи со вас затоа што ѝ треба разговор, поддршка, дружба. Сите имаат некаква корист, но важно е дали е позитивна или негативна.

Zivotnite neuspesi se neizbezni 10 ocigledni fakti sto lugeto uporno odbivaat da gi razberat 05

Ашера | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg