Мотивирачки цитати кои ќе ви помогнат во деновите кога се чувствувате изгубено

Најважното нешто за вашиот успех и напредок е да си признаете како се чувствувате. Ако се чувствувате изгубено, немојте да се борите против тоа чувство. На овој начин само ќе си создадете дополнителни проблеми.

citati-shto-kje-vi-pomognat-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-01.jpg

Во овие моменти важно е да знаете дека секогаш има начин да го надминете тој период, а кога навистина не знаете што да правите, потсетете се на некој од следниве цитати.

„Дваесет години од денес ќе бидете поразочарани од нештата што не сте ги пробале, наместо од оние што сте ги пробале. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.“ - Марк Твен

„Направете го првиот чекор со доверба. Не мора да ги гледате сите скалила, само направете го првиот чекор.“ - доктор Марин Лутер Кинг Џуниор

„Можете да бидете најубавата личност на светот, но ако не сте свесни за тоа, не е ни важно. Секоја секунда што се сомневавте во вашата вредност, секој момент кога се критикувате, е секунда што сте ја изгубиле од животот, момент од животот што сте го фрлиле. Нема да бидете овде засекогаш, па не трошете ги вашите секунди, не трошете ниту еден момент.“ - Ц. Џојбел Ц.

„Отсекогаш сте ја имале моќта… само требало да ја најдете самите.“ - „The Wizard of Oz“

citati-shto-kje-vi-pomognat-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-02.jpg

„Јас сум оптимист. Не ми изгледа многу корисно да бидам што било друго.“ - Винстон Черчил

„Оној кој не е доволно храбар да презема ризици, нема да постигне ништо во животот.“ - Мухамед Али

„Сонувајте како да ќе живеете засекогаш. Живејте како да ќе умрете денес.“ - Џејмс Дин

„Доколку не ви се допаѓа нешто, променете го. Ако не можете да го промените, променете го вашиот став.“ - Маја Анџелоу

„Бидете мизерни. Или мотивирајте се. Што и да треба да направите, изборот е секогаш ваш.“ - Вејн Диер

citati-shto-kje-vi-pomognat-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-03.jpg

„Животот не е вечен, па искористете ја првата можност, не чекајте ја втората! Бидејќи понекогаш нема втори шанси.

А што ако сте згрешиле? Па што! Ова е животот! Цел куп грешки! Но ако не добиете втора шанса за нешто за коешто сте ја испуштиле првата? Тоа е вистински неуспех.“ - Ц. Џојбел Ц.

„Нема да ја победите смртта ако живеете подолго. Ќе ја победите смртта ако живеете добро и исполнето.“ - Ренди Пауш

„Не му дозволувајте на календарот да ве излаже. Во годината има само толку денови колку што ќе искористите.“ - Чарлс Ричардс

„Единственото прашање во животот е дали ќе им кажете или нема да им кажете ДА на вашите авантури.“ - Џозеф Кампбел

citati-shto-kje-vi-pomognat-koga-se-chuvstvuvate-izgubeno-04.jpg

„Стравот нè тера да се фокусираме на минатото или да се грижиме за иднината. Ако можете да го спознаеме нашиот страв, ќе сфатиме дека сега сме во ред. 

Сега, денес, уште сме живи и нашите тела функционираат одлично. Нашите очи можат да го видат убавото небо. Нашите уши можат да ги слушнат гласовите на саканите.“ - Тич Нат Хан

„Уживам во животот кога се случува нешто. Не ми е грижа дали е добро или лошо. Тоа значи дека сум жива.“ - Џоан Риверс

„Морате да се мотивирате со предизвици. Само така ќе знаете дека уште сте живи.“ - Џери Сејнфилд

„Страста одново го гради светот за младоста. Ги прави сите нешта живи и значајни.“ - Ралф Валдо Емерсон

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg