„Кога телата ќе се допрат, тоа е само прелевање на чашата“ - Најубавите љубовни цитати на Пауло Коелјо
Можеби го обожавате, можеби го мразите, но едно е сигурно – Пауло Коелјо се вбројува во еден од највлијателните современи светски писатели. Неговите дела се продадени во над 150 милиони примероци ширум светот.
Коелјо е добитник на бројни, престижни награди. Во 2009 година неговото име се впиша во Гинисовата книга на рекорди како најпреведуван автор на романот „Алхемичарот“.
Исто така, 71-годишниот писател има најмногу следбеници на друштвените мрежи од светските книжевници.
Прочитајте ги неговите најромантични цитати за љубовта:
„Љубовта може да нè донесе до пекол или рај, но секогаш нè носи некаде. Треба да ја прифатиме, бидејќи таа е храна на нашето постоење“.
„Во љубовта не постојат правила. Можеме да се обидеме да се придржуваме кон упатството, да господариме со своето срце, да изградиме стратегија на однесување – но сето тоа е безначајно. Срцето носи одлука и она што тоа ќе го одлучи, само тоа е важно“.
„Кога човекот подлабоко ќе се загледа во душата на светот, лесно ќе сфати дека на светот секогаш постои една личност која чека некоја друга, без разлика дали е тоа среде пустина или во центарот на некој огромен град…
И кога тие две личности ќе се сретнат, а нивните погледи ќе се вкрстат, сето минато и сета иднина го губат своето значење… и постои само тој момент“.
„Најсилната љубов е токму онаа којашто може да ја покаже својата слабост“.
„Оние коишто љубат очекувајќи нешто за возврат, само си го губат времето“.
„Оној којшто е способен да чувствува, знае дека е возможно да ужива дури и пред да допре некоја друга личност. Зборовите, погледите, сите тие работи ја содржат тајната на танцот.
Најголемото задоволство не е во сексот, туку во страста. Кога страста е голема, сексот доаѓа да го заврши танцот, но тој никогаш не е битен. Оној којшто е заљубен води љубов дури и кога не го прави тоа.
Кога телата ќе се допрат, тоа е само прелевање на чашата“.
„Во љубовта никој никого не може да го повреди; секој од нас е одговорен за она што го чувствува и не можеме другиот да го обвинуваме за тоа.
Веќе сум го искусила страдањето кога ја изгубив личноста во којашто бев вљубена. Денес сум цврсто убедена дека никој никого не губи, бидејќи никој никого не го поседува.
Тоа е вистинското искуство на слободата: да ја имаш најважната работа на светот без да ја поседуваш“.
„Оној којшто љуби мора да знае да се изгуби себеси и повторно да се пронајде“.
„Треба да се трага по љубовта каде и да е таа, дури и кога сте свесни за часовите, деновите и неделите на разочарување и тага. Бидејќи во моментот кога ќе ѝ појдеме во пресрет на љубовта и таа тргнува кон нас. И нè спасува“.
(О)Милена | Црнобело