„Умираме, тоа е можеби смислата на животот“ – најдобрите цитати во чест на Тони Морисон
Морисон е првата жена Афроамериканка која ја добила Нобеловата награда за литература во 1993 година.
Дебитирала со романот „Најсиното око“ издаден во 1970 година. Авторка е на единаесет романи, меѓу кои се „Песната на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), за кој ја добила Пулицеровата награда, и „Џез“ (1992).
Во единаесетте напишани книги, таа ги истражува историјата и идентитетот на Афроамериканците. Тоа е сржта на нејзиното творештво.
Американската писателка почина на 88-годишна возраст, а во нејзина чест, прочитајте неколку од најдобрите цитати:
1. Доколку има книга што сакаш да ја прочиташ, но сè уште не е напишана, тогаш мора ти да ја напишеш.
2. Во одреден момент од животот, убавината на светот станува доволна. Нема потреба да ја фотографираш, да ја сликаш, па дури и да ја запаметиш. Доволна е.
3. Гневот… е парализирачка емоција… не можеш ништо да направиш. Луѓето мислат дека на некој начин е интересно, страсно, потпалувачко чувство – не мислам дека е ништо од тоа – гневот е беспомошен… недостаток на контрола. А мене ми се потребни сите мои вештини, сета контрола, сите мои моќи… а гневот не дозволува ништо од ова – немам апсолутно никаква потреба од него.
4. Љубовта е или не е. Слабата љубов не е воопшто љубов.
5. Функцијата на слободата е да ослободиш некој друг.
6. Ако сакаш да леташ, мораш да се ослободиш од сра*ата кои те влечат надолу.
7. Љубовта е божествена и секогаш комплицирана. Доколку мислиш дека е едноставна, тогаш си будала. Ако мислиш дека е природна, тогаш си слеп.
8. Тоа е лош збор, „припаѓа“. Особено употребен во реченица со некој што го сакате. Не можете да поседувате човечко суштество.
9. Сета вода има совршена меморија и постојано се обидува да се врати на местото од каде што дошла.
10. Историјата отсекогаш покажувала дека книгите се првото поле на коешто се водат одредени битки.
11. Растењето не значи ништо за една мајка. Детето си е дете. Тоа станува поголемо, постаро, но да порасне? Што треба тоа да значи? Во моето срце тоа не значи ништо.
12. Умираме. Тоа е можеби смислата на животот.
(О)Милена | Црнобело