„Ништо не е трајно во овој чуден свет, дури ни нашите проблеми“ – цитати на познатите за проблемите
Никој не е имун на секојдневните проблеми, дури ни оние коишто ние мислиме дека немаат ниту еден проблем во животот.
Разликата е во тоа колку тоа го покажуваме во јавност и колку дозволуваме проблемите да ни влијаат на расположението.
Еве што кажале познатите за нивните секојдневни битки со проблемите:
1. „Доколку нешто е погрешно, поправи го доколку е возможно. Но немој да се нервираш за тоа, нервирањето никогаш не решило ништо.“ – Ернест Хемингвеј
2. „Не постојат проблеми, туку само ситуации. Немаат сите проблеми решение, но секоја ситуација има исход.“ – Џон Едвард Греј
3. „Ништо не е трајно во овој чуден свет. Дури ни нашите проблеми.“ – Чарли Чаплин
4. „Повеќето од нашите грешки се полесно простувачки отколку средствата коишто сме ги користеле за да ги скриеме.“ – Франсоа де ЛаРошфуко
5. „Проблемите стануваат поголеми како што се приближуваме кон целта.“ – Јохан Волфганг Гете
6. „Ако човекот не размисли за проблемите коишто се далеку, ќе биде полн со грижи кога ќе му се приближат.“ – Конфучие
7. „Секој проблем го содржи семето на неговото решение.“ – Стенли Арнолд
8. „Сите проблеми на човештвото ги создал човекот, а тој е истиот оној којшто може и да ги реши.“ – Џон Ф. Кенеди
9. „Добро сфатениот проблем, е веќе половина решен.“ – Едуар Баладур
10. „Колку сме пооддалечени од проблемот, толку сме поголеми идеалисти.“ – Џон Голсворди
(О)Милена | Црнобело