„Никој не може да напредува кога се колеба помеѓу две работи“ – 11 моќни цитати за амбицијата
Што е амбицијата, како таа се појавува, што прави таа за човекот и неговиот развој? Дали амбицијата е позитивна или пак негативна емоција? Дали делува разорно или пак нè оформува како личности на најдобриот можен начин?
Како сите овие прашања ги одговориле познатите личности? Прочитајте ги најдобрите цитати за амбицијата:
1. „Вообразеноста е разорна, а претераната амбиција може да има исти последици. Само една тенка линија ја дели вообразеноста од самосвесноста. Оправданата самосвесност е поттикнувачка.“ – Џек Велш
2. „Да се осмелите, тоа е цената на напредокот.“ – Виктор Иго
3. „Доколку сакате да успеете, желбата за успех мора да биде појака од стравот од неуспех.“ – Бил Козби
4. „Вие ги гледате работите и се прашувате „зошто“, а јас сонувам за работите коишто не постојат и се прашувам „зошто пак не?“ – Џорџ Бернард Шо
5. „Седиме во калта и се обидуваме да ги дофатиме ѕвездите.“ – Иван Сергеевич Тургењев
6. „Никогаш не велам дека ќе биде лесно, но секогаш велам дека се исплати.“ – Ме Вест
7. „Останете гладни. Останете блесави.“ – Стив Џобс
8. „Никој не може да напредува кога се колеба помеѓу две работи.“ – Епиктет
9. „Некои луѓе ги следат своите соништа, а некои ги ловат и потоа со тепање ги тераат на послушност.“ – Нил Кендал
10. „Не постои пораз, освен да престанете да се обидувате.“ – Елберт Хабард
11. „Треба да знаете да ги поставите граници на сопствената амбиција, лудост е да се сака она што не може да се има.“ - Пиндар
(О)Милена | Црнобело