Живее во изнајмен стан, сама готви и пазари: Факти за Ангела Меркел
Ангела Меркел е меѓу најистакнатите жени во политиката, а она што не сте го знаеле за неа е што приватно обожува фудбал и наука, но има и паничен страв од кучиња.
Својот приватен живот го држи во најстрога тајност, но сепак неколку факти успеаја да испливаат на површина.
1. Додека студирала, Меркел работела како шанкер на студентските диско забави.
2. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успех постигнала затоа што на проблемите им приоѓа од научен аспект.
3. Откако се развела од првиот сопруг, живеела во нелегален стан во близина на железничка станица. На нејзиниот 30-ти роденден, кога татко ѝ дошол на посета, разочарано ѝ кажал: „Па, не успеа да дотуркаш многу далеку.“
4. Меркел е одличен готвач. Обожава да прави колачи од сливи и често може да ја видите како сама купува намирници од супермаркет. Секое утро има обичај да му прави појадок на сопругот.
5. Се верува дека живее во изнајмен стан под кирија.
6. Уште во 1995-та година била нападната од куче и оттогаш има развиено страв од животни.
7. Меркел обожава фудбал и често влегува во машките соблекувални по натпреварот за да им честита на играчите на победата.
М. Д. | Црнобело