Во животот ќе произведете доволно плунка за да наполните два олимписки базена - Интересни факти кои ќе ве насмеат
Светот околу нас е истовремено прекрасен, интересен, но и зачудувачки смешен. Дали сте знаеле дека бебето октопод по раѓањето е големо колку болва? Или дека во Швајцарија со закон е забрането да чувате само едно морско прасе?
Доколку сакате интересни факти и одговори на некои чудни прашања, сместете се удобно и наполнете го мозокот со информации кои ќе ве забавуваат долго откако ќе ги прочитат:
1. Доколку удирате со главата в ѕид еден час, ќе согорите 150 калории. Исто така, може и да го прошетате кучето 45 минути и да согорите 150 калории без да ве боли глава.
2. Во Швајцарија не смеете да чувате само едно морско прасе, бидејќи тие се друштвени животни и се смета дека се жртви на запоставеност доколку се сами.
3. Змиите можат да почувствуваат земјотреси на оддалеченост од 120 километри, дури и до пет дена пред да се случат.
4. Доколку му ја подигнете опашката на кенгурот од земјата, тој нема да може да скокне, бидејќи ја користи опашката за рамнотежа при скокањето.
5. Бананите се искривени бидејќи растат спротивно на гравитацијата, нагоре кон сонцето.
6. Откако умрел во 2010 година на 90 годишна возраст, изумителот на фризбито бил кремиран и од него било направено фризби.
7. Во текот на вашиот живот ќе произведете доволно плунка за да наполните два олимписки базена.
8. Во 2017 година, бројот на жртви загинати додека правеле селфи (35), бил поголем од бројот на жртви од напад на ајкула (6).
9. Бебето октопод кога се раѓа има големина на болва.
10. Првите патници во балон на топол воздух во 1783 година, биле овца, патка и петел.
11. Во 16 век, арапските жени можеле да побараат развод доколку мажот не им стави кафе.
12. Фејсбук, Инстаграм и Твитер се забранети во Кина, а исто така и Пинтерест.
13. Пчелите можат да препознаат лица, иако до скоро се мислеше дека за ова се способни само цицачите со поголем мозок.
14. Додека се обидувала да најде лек за сидата, клиниката Мејо како тест за успешност создала мачки што светат во темница со помош на специфичен флуоросцентен протеин.
15. Речиси 3% од мразот на Антарктикот е урина од пингвини.
16. Крокодилите не можат да го исплазат јазикот бидејќи тој е прикачен на нивната уста.
17. Морските видри се држат за рака додека спијат, за да не отпловат далеку една од друга.
18. Вените на синиот кит се толку големи што мало 3 годишно дете би можело да плива низ нив.
19. Ајфеловата кула има точно 1710 скалила, но дозволено е да се качите пеш само до првата платформа.
20. Елвита Адамс се обидела да се самоубие скокајќи од 86 кат на Емпаер Стејт Билдинг, но ветрот ја дувнал назад на 85 кат и поминала само со скршен колк.
(О)Милена | Црнобело