„Луѓето плачат не затоа што се слаби, туку затоа што предолго биле силни“ – најдобрите цитати за чувствата

Што би биле без чувствата? Празни, плитки суштества кои во ниту еден случај не би можеле да се соочат со предизвиците коишто ни ги сервира животот. 

Najdobrite-citati-za-cuvstvata-01.jpg

Емоциите нè прават подобри, почовечни луѓе. Во нив лежи нашата најголема сила.

Прочитајте ги најдобрите цитати за чувствата:

 1. „Болката го поттикнува човекот да размислува. Размислувањето го прави човекот мудар. Мудроста го чини животот поднослив.“ – Херберт Спенсер

 2. „Најубави цветови се оние коишто никнале од корените на болката.“ – Данте Алигиери

 3. „Понекогаш е полесно да му се доверите на непознат отколку на оние коишто ги познавате. Зошто е тоа така? Најверојатно затоа што странецот нè гледа онакви какви што сме, а не онакви какви што сака да бидеме.“ – Карлос Руиз Зафон

 4. „Среќен е оној народ што страда за својот владетел, а не од него.“ – Плутарх

 5. „Многу мал степен на надеж е доволен за да предизвика раѓање на љубов.“ – Стендал

 6. „Никој ништо, никогаш, не постигнал со помош на солзите.“ – Алиса во Земјата на чудата

 7. „Луѓето плачат не затоа што се слаби, туку затоа што предолго биле силни.“ – Џони Деп

 8. „Оној што не плаче, не гледа.“ – Виктор Иго

 9. „Огледалото е мојот најдобар пријател, затоа што кога плачам, тоа никогаш не се смее.“ – Чарли Чаплин

10. „Правиме скулптури од снег, па плачеме кога ќе се растопат.“ – Валтер Скот

11. „Потеклото на тагата е желбата.“ – Буда

12. „Секогаш е подобро да се поставуваат прашања отколку да се претпоставува, бидејќи претпоставките нè водат кон патење.“ – Дон Мигел Руиз

13. „Раната којашто се крие, бавно и тешко заздравува.“ – Иво Андриќ

14. „Човечката слабост е во тоа што секогаш сака да го дознае она што не сака да го знае.“ – Жан-Батист Молиер

15. „Во трагедијата секогаш учествуваме. Комедијата само ја набљудуваме.“ – Алдус Хаксли

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg