Жените имаат помал капацитет на белите дробови – 25 разлики помеѓу двата пола
Обично никој не сака да зборува за разлики, особено не помеѓу половите. Нормално дека сите треба да имаме исти права и слобода, но сепак постојат физички разлики помеѓу половите кои не можеме да ги занемариме.
Во продолжение дознајте нешто повеќе за забележителните разлики помеѓу двата пола:
Мозок
Машките и женските мозоци се различни. Истражувањата покажале дека врските кај машкиот мозок помеѓу предниот и задниот дел се од истата страна. Кај жените пак, врските се помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот.
Бели дробови
Капацитетот на женските бели дробови е околу 30% помал за разлика од машките.
Лидерство
Неодамнешно истражување од Институтот за технологија во Масачусетс имало за цел да открие дали разликите помеѓу половите имаат улога во квалитетот на лидерство. Досега мажите имале повеќе вакви позиции и според стереотипите, тие се поефикасни лидери.
Бела и сива материја
Машкиот мозок има повеќе сива материја, додека женскиот има повеќе бела. Белата материја ја зголемува брзината на пренесување на сите сигнали, што им овозможува на жените побрзо да ги процесираат мислите.
Стрес
Бројни истражувања покажале дека кога се изложени на екстремен стрес, жените настојуваат да реагираат според нивните чувства. Мажите, од друга страна, ја користат нивната логика.
Образование
Забележано е дека половите разлики имаат голема улога во достигнувањето во образованието. Но, многумина мислат дека ова е поради дискриминацијата во културата и општеството, или пак можеби е одраз на природните разлики во интересите на половите.
Криминал
Најчесто криминалците се мажи. Жените имаат пониска стапка на апсење во секој вид криминал, освен кога станува збор за проституција.
Автоимуни болести
Одредени автоимуни болести можат да доминираат кај еден пол.
Фронтален лобус
Фронталниот лобус, чија задача е решавање на проблеми, најчесто е поголем кај жените за разлика од мажите. Ова значи дека жените имаат предност при решавање домашни проблеми и кај емотивноста.
Перформанс
Поради поголемиот париетален кортекс и амигдала, мажите покажуваат подобри резултати при читање мапи и математика. Од друга страна, жените настојуваат да бидат подобри со јазици и уметност.
Температура
Жените можат да поднесат повисоки температури бидејќи нивниот метаболизам помалку забавува.
Невролошки и генетски разлики
Многу истражувања докажале дека разликите помеѓу мажите и жените се невролошки и генетски и се отпорни на промена преку културното влијание.
Хумор
Мажите го користат хуморот како алатка за привлекување жени, додека жените речиси и да не се обидуваат да бидат смешни. Поради ова, многу мажи мислат дека жените немаат смисла за хумор.
Самоубиство
Кога станува збор за самоубиство, разликите помеѓу половите се големи. Според статистиката, мажите почесто извршуваат самоубиство, но жените почесто се обидуваат да се самоубијат. Овој парадокс е поради изборот на оружје – жените најчесто користат пилули, додека мажите се свртуваат кон огнено оружје.
Флертување
Обично жените дискретно го анализираат мажот пред да преземат нешто. Кога ќе се одлучат да флертуваат, мажите често не го ни забележуваат тоа.
Сила
Во просек, мажите се 50% физички посилни од жените.
Визуелно ориентирање
Многу психијатри тврдат дека мажите се визуелни суштества и помалку се грижат за романсата и личниот идентитет. Мажите лесно ги одвојуваат сексот и љубовта.
Емоционално влијание
Жените искусуваат емоционално влијание кое им е непознато на мажите поради нивниот капацитет за репродукција. Односно, поради менструалниот циклус, бременоста, лактацијата и менопаузата.
Безбедност
Некои истражувања покажале дека мажите немаат толку голема потреба од сигурност и стабилност во врската како жените.
Метаболизам
Мажите имаат побрз метаболизам од жените.
Мирис
Жените имаат подобро сетило за мирис од мажите. Едно истражување открило дека женскиот мозок има речиси 50% повеќе мирисливи клетки за разлика од машкиот.
Висина
Обично мажите се повисоки од жените. Причината е повисоката скелетна структура која резултира со потешки и поголеми коски.
Големина на мозок
Мажите обично имаат поголем мозок од жените, но ова не значи дека се поинтелигентни. Тестовите за интелигенција не покажуваат разлика помеѓу половите. Разликата во големината најверојатно е поради разликата во големината на телото.
Меморија
Некои анкети покажале дека жените почесто ги помнат родендените и годишнините. Мажите, пак, почесто помнат крајни рокови за плаќање.
Емоционална приврзаност
Мајките стануваат емоционално приврзани со нивните деца уште пред раѓање бидејќи ги носат во нивното тело. Според некои истражувања, мажите ја создаваат оваа поврзаност после неколку месеци, откако бебето ќе почне да се смее и да реагира на нив.
Спирова С. | Црнобело