10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново
Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се најдат доколку сакате да ги импресионирате вашите пријатели.
Доволно се интересни за да ги вметнете во секој разговор, не се премногу нејасни, така што секој може да ги разбере.
Ако сакате да дознаете нешто ново...
1. Мартин Лутер Кинг имал тројка по предмет јавно говорење. Меѓутоа, десет години подоцна, тој го одржал еден од најцитираните говори во историјата.
2. Во текот на снимањето на филмот „Троја“, Бред Пит ја повредил неговата ахилова тетива. Ова е интересно, бидејќи во филмот Пит го глуми митскиот херој, Ахил.
3. Првата количка за бебиња била создадена со идеја дека треба да ја влече коза. Измислена е од страна на пејзажниот архитект, Вилијам Кент, уште во 1733 година.
4. Познатиот композитор, Лудвиг ван Бетовен, никогаш не научил да множи и дели. Во една прилика, кога требало да се помножи бројот 62 со бројот 50, тој само го напишал бројот 62 педесет пати, еден под друг и собирал.
5. Ајфеловата кула во Париз во лето е повисока за околу 15 сантиметри. Ова се случува бидејќи металот се шири на високи температури.
6. Најавите за филмовите (трејлери) првично се прикажувале во кината по завршувањето на филмот. Денес е обратно.
7. Само два дела од телото никогаш не престануваат да растат - нос и уши.
8. Мачките имаат помалку прсти на задните, отколку на предните шепи. Нивните предни шепи имаат пет прсти, додека задните имаат четири прсти.
9. Шкотска има дури 421 зборови за различни снежни врнежи.
10. Првите портокали воопшто не биле портокалови. Тие биле хибрид на мандарина и помело и биле зелени.
Ашера | Црнобело