Факти за цигарите кои (можеби) ќе ве натераат да ги откажете
- Пушењето и употребата на тутун предизвикуваат повеќе од 5 милиони смртни случаи ширум светот секоја година. Статистиките покажуваат дека овој број ќе се зголеми на повеќе од 8 милиони смртни случаи годишно од 2030 година.
- За секој човек кој умира од болест поврзана со пушењето, уште 20 луѓе страдаат од болест поврзана со пушењето.
- Трошокот за да се произведе кутија цигари е само 5 центи.
- Во повеќето земји, 18 години е законска возраст за купување на цигари. Но, во Јапонија купувачот мора да има најмалку 20.
- Секој ден повеќе од 3.200 деца ја пробуваат својата прва цигара.
- 2.100 млади луѓе секојдневно се претвораат во редовни пушачи.
- Светската здравствена организација тврди дека приближно 25% од цигарите што се продаваат низ светот се шверцуваат.
- Само 20% од светското население е заштитено со закони против пушење.
- Чадот од цигари содржи повеќе од 700 хемикалии. Од нив, 70 се докажани предизвикувачи на рак.
А. Ш. | Црнобело