Факти за цигарите кои (можеби) ќе ве натераат да ги откажете
Цигарите се големо уживање за многумина и факт е дека повеќето пушачи нема никогаш да се откажат, барем не засекогаш.
Ако сте страстен пушач за кој цигарата со кафе е незаменливо уживање, тешко дека овие факти ќе ве натераат да ги оставите но вреди да се обидеме:
- Пушачите во просек живеат 10 години помалку од непушачите.
- Тутунот е главна причина за смрт што реално може да се превенира.
- Цигарите се една од главните причини за пожари.
- При пушењето цигара, повеќето луѓе вдишуваат само 1 милиграм никотин. За некои луѓе, тоа е сè што е потребно за да станат зависни.
- Пушењето може да предизвика рак, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и белодробни заболувања, како што е емфизем, бронхитис и хронична опструкција на дишните патишта.
- Светската здравствена организација вели дека денес има 1,1 милијарда пушачи во светот. Тие велат дека тој број ќе порасне до 1,6 милијарди до 2025 година.
- Пушењето предизвикува 1 до 5 смртни случаи секоја година, според истражување во САД.
- Пушачите имаат три пати поголеми шанси да умрат од срцев удар отколку непушачите.
- Светската здравствена организација тврди дека половина од сите пушачи ќе умрат како резултат на употребата на тутун.
- Само Кина е дом на повеќе од 300 милиони пушачи. Секоја година консумираат 1.7 трилиони цигари, или три милиони цигари во минута.
- Кога пушите цигара, никотинот стигнува до вашиот мозок за 10 секунди. Никотин е пронајден во секој дел од телото како и во мајчиното млеко.
- Веројатноста да пробаат наркотични дроги е 15 пати поголема кај децата кои пушат.
- 1 во секои 3 цигари испушени на глобално ниво е во Кина.
- Пушењето убива повеќе од СИДА, алкохол, моторни возила, убиства, нелегални дроги и самоубиство ЗАЕДНО.
- Секоја цигара е направена со повеќе од 20% шеќер. Оттука и предупредувањето за луѓето со дијабетес да не пушат.