„Не верувам во среќен крај, но верувам во среќни патувања“ – цитати за реалните и метафоричките патувања
Патувањата нè носат на најмагичните места во светот каде што учиме многу за земјата каде што сме и народот кој живее во неа. Но неретко патувањата ни предочуваат нешто многу подлабоко–вистините кои ги откриваме за себе.
Во има на реалните и метафоричките патувања кои нè носат до вистинското „јас“ создавајќи една подобра личност, да наздравиме со следните 15 моќни цитати:
1. „Што вреди да галопираме, ако се движиме во погрешниот правец?“ – Радјард Киплинг
2. „Никогаш нема да го изгубиш вистинскиот правец доколку се водиш по чувствата и совеста“ – Јохан Волфганг фон Гете
3. „Сожалувањето е лош сопатник и уште полоша цел на патот“ – Ерих Марија Ремарк
4. „Ниту едно место до кое би било вредно да се стигне не води преку пократок пат“ – Беверли Силс
5. „Промената настанува кога некој ќе го види следниот чекор“ – Вилијам Дрејтон
6. „Доколку сакате да успеете треба да газите по нови патеки, наместо да следите изгазените патеки на веќе прифатениот успех“ – Џон Рокфелер
7. „Подобро да не започнувате ништо, отколку да застанете на половина пат“ – Лусиус Сенека
8. „Оној што никогаш не патува живее живот полн предрасуди“ – Карло Голдони
9. „Не ги сакам луѓето кои би дошле само доколку знаат дека патиштата се проодни. Ги сакам оние луѓе коишто би дошле иако знаат дека нема пат“ – Дејвид Ливингстон
10. „Не верувам во среќен крај, но верувам во среќни патувања“ – Џорџ Клуни
11. „Сите патишта на светот питомо се вкрстуваат на нашата дланка“ – Сен-Џон Перс
12. „Добар патник е оној кој не знае каде оди, а совршен е оној којшто не знае од каде дошол“ – Лин Јутанг
13. „Единственото патување е она во нас самите“ – Рајнер Марија Рилке
14. „Секогаш бирај го патот кој ти изгледа најдобар, колку и да е тежок. Благодарение на навиките коишто ги имаш, тој набрзо ќе стане лесен и удобен“ – Питагора
15. „Или ќе пронајдеме пат или ќе го направиме“ – Ханибал
(О)Милена | Црнобело