Секоја мапа што сте ја погледнале е погрешна - Факти за континентите што не сте ги знаеле

Веројатно на континентите на Земјата им обрнуваме поамлку внимание отколку што треба. Мислевте дека постојат само 7 континенти? Изгледа дека овој одговор зависи од она што сте го учеле на училиште.

10-fakti-za-kontinentite-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

Бидејќи зборот „континент“ нема дефинирано значење, денес државите признаваат од 4 до 7 континенти.

Во продолжение прочитајте неколку неверојатни факти за континентите, што веројатно не сте ги знаеле:

Африка се дели на два дела

Африка се наоѓа на две тектонски плочи. И двете плочи се движат и полека ја разделуваат Африка на два дела.

Доказите за оваа поделба се видливи во Кенија, каде што се има создадено длабока и долга долина, позната како Раседната долина на Кенија.

Таа е дел од неколку долини кои се протегаат на должина од 2.900 километри, директно на местото каде што се среќаваат двете плочи.

Источна Африка ќе се оддели и ќе стане посебен континент. Засега, поделбата предизвикала неколку земјотреси и вулкански активности.

Сепак, оваа поделба ќе биде бавна и ќе поминат милиони години, пред Африка конечно да се претвори во два континенти

Антарктикот требало да се вика Австралија

Со векови, научниците и истражувачите го предвидувале постоењето на континент на јужната хемисфера. Тие го нарекле овој континент „terra asutralis incognita“, односно, „непозната јужна земја“.

Самиот збор „Australis“ значи „јужно“. Никој не бил сигурен за постоењето на континентот, но се верувало во ова, бидејќи на север постоел Арктикот.

Во 1627-ма година, Холанѓаните стигнале на територијата на денешна Австралија. Неколку години подоцна, на источниот брег, стигнале и Британците. Интересно е што тогаш не биле свесни дека се на истиот континент.

Дури во 1803-та година, Метју Флиндерс сфатил дека и двете држави стигнале на разни места од еден континент. Во 1814-та година, тој направил мапа на континентот и го нарекол Terra Australis. Сепак, за полесен изговор го предложил името Австралија, кое останало и до денес.

Антарктикот бил откриен во 1840-та година и го добил името бидејќи планираното, Terra Australis, веќе било земено.

10-fakti-za-kontinentite-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

Во зависност од тоа кого прашувате, постојат 4 до 7 континенти

Нема дефиниција за зборот континент и воглавно за континент се смета парче земја на иста тектонска плоча. Но, Индија и Арапскиот Полуостров имаат посебни тектонски плочи, кои не ги делат со другите азиски држави, без разлика што се дел од Азија.

Почест метод за одредување континенти е геополитиката. Поради ова, Европа и Азија се различни континенти, иако се наоѓаат на иста тектонска плоча. Проблемите со дефинирање објаснуваат зошто денес постојат 4 до 7 континенти.

Моделот со седум континенти ги опфаќа Африка, Антарктикот, Азија, Австралија, Европа, Северна Америка и Јужна Америка. Моделот од 6 континенти ги спојува Северна и Јужна Америка во еден континент.

Постои модел со четири континенти, кој ги вклучува Африка, Америка, Антарктикот, Австралија и Евроазија. Моделот со 4 континенти ги спојува Африка, Европа и Азија во еден континент, наречен Афро-Евроазија. Останатите три континенти се Америка, Антарктикот и Австралија.

Нов Зеланд се наоѓа на посебен континент

Нов Зеланд често е набројуван со Австралија, така што се формира Океанија, заедно со неколку други острови. Но сега е потврдено дека Нов Зеланд се наоѓа на посебен континент, наречен Зеландија.

94% од континентот е под вода, а 6% го сочинуваат неколку острови и територии, вклучувајќи ја и Нов Зеланд.

Зеландија има површина од 4,9 милиони километри квадратни, а научниците веруваат дека се наоѓа под вода 80 милиони години.

10-fakti-za-kontinentite-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-03.jpg

Гренланд е дел од Северна Америка

Гренланд е автономен регион од Кралството Данска. Додека Данска е лоцирана во Европа, Гренланд се наоѓа во Северна Америка, иако често се смета за дел од Европа.

Некои извори го сметаат и за држава, поделена помеѓу два континенти. Гренланд е дел од Северна Америка бидејќи се наоѓа на нејзината тектонска плоча, на која се наоѓаат и САД и Канада.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg