Цитати кои ќе ве претворат во оптимист
Кога ви се чини дека целиот свет е наопаку, денот тргнал на лева нога и нема шанса никако да се поправи, понекогаш и најобичните реченици може да имаат неверојатно позитивна моќ.
Собравме неколку едноставни цитати кои се кратки, едноставни и имаат една цел – да ве натераат да ја гледате чашата како полуполна.
Споделете со оние на кои им треба малку оптимизам во животот:
Ако си изморен/а научи да се одмориш, не да се откажеш.
Не можеш да го промениш она што се случило, но можеш она што ќе се случи.
Не доаѓаат сите бури во животот за да ти направат неред. Некои, едноставно, само сакаат да ти го расчистат патот.
Сите наши сонови може да се остварат ако имаме храброст да ги следиме.
Сети се на деновите кога го посакуваше она што го имаш денес.
Соновите никогаш не може да бидат преголеми. Не дозволувај луѓето да те убедат во спротивното.
Не се живее само еднаш, туку секој ден од почеток.
Кога си среќен, и сонцето се движи по тебе.
Не чекај сè да биде совршено за да почнеш да уживаш во животот.
М. Д. | Црнобело