„Некогаш сум неодлучен. А можеби и не сум?“ - 11 смешни поговорки
„Не плукај по подот. Плуканката може да ти затреба за некој.“ и уште 10 смешни поговорки.
Некои народни мудрости носат животни вистини, но некои поговорки што ги користат луѓето постојат само за добрo да нè насмеат.
Смешни народни поговорки:
Не го одложувај за утре, тоа што можеш да го одложиш за задутре.
Не плукај по подот. Плуканката може да ти затреба за некој.
Не ми влевај толку доверба, ќе се удавам.
Некогаш сум неодлучен. А можеби и не сум?
Некогаш бев човечко суштество, а тогаш си ставив интернет.
Некогаш бев вообразен, а сега се ослободив од таа мана. Сега сум совршен!
Некогаш таа се облекуваше на кредит, денес се соблекува за готовина.
Некои пијат од радост, некои од тага, а некои од вчера.
Неверство е кога две погрешни личности ја прават вистинската работа.
Неверојатно е колку брзо го менувам мислењето. Всушност, не...
Не е важно да стигнеш прв, важно е да стигнеш пред другиот.
С. С. | Црнобело