Сакал да стане свештеник или уметник, обожавал животни - 9 помалку познати факти за Адолф Хитлер

Адолф Хитлер е можеби едно од најпознатите имиња во историјата. Секојдневно може да видиме разни документарни емисии за него и за Втората светска војна.

9-pomalku-poznati-fakti-za-Adolf-Hitler-01.jpg

Но, има неколку помалку познати факти кои се однесуваат на Хитлер, и коишто можеби досега не сте ги знаеле:

Адолф Хитлер не е роден во Германија

Иако сите асоцијации со Хитлер се врзани со Германија и неговата желба за чиста ариевска раса, сепак тој не е роден во Германија. Адолф е роден во Австрија на 20 април 1889 година, како син на Алоиз и Клара Хитлер.

9-pomalku-poznati-fakti-za-Adolf-Hitler (1).jpg

За време на Првата светска војна се здобил со сериозни повреди

Тој е толку поврзан со Втората светска војна што често пати не ни помислуваме дека Хитлер учествувал и во Првата светска војна. Хитлер во обид да го избегне служењето војска во Австрија, пребегнал во Германија, но сепак повторно завршил на фронтот како германски војник.

За време на битката на Сома во 1916 година бил ранет од шрапнел и поминал неколку недели во болница. Подоцна преживеал напад со иперит гас во 1918 година и делумно го загубил видот.

Сонот на Хитлер бил да стане уметник

Адолф во два наврати се обидел да се запише на Виенската академија за уметност, во 1907 година и во 1908 година, но и во двата наврати бил одбиен. При крајот на 1908 година, неговата мајка починала и Хитлер морал 4 години да продава слики на улиците во Виена за да преживее.

Ја создал Нацистичката партија откако Германија ја изгуби Првата светска војна

Пред да се појави Хитлер, Нацистичката партија воопшто не постоела, туку партијата во која тој првобитно се зачленил се викала Партија на германските работници.

После Версајскиот договор многу од десно ориентираните Германци биле бесни на државата. Користејќи го ова, заедно со антисемитските тенденции на десничарите, Адолф Хитлер во 1920 година, само две години после војната, го менува името на партијата во Национал-социјалистичка партија на германските работници.

Хитлер немал никакво државјанство во периодот помеѓу 1925 година и 1932 година

Бидејќи Хитлер ја мразел Австро-Унгарската империја, во 1925 година решил да се откаже од австриското државјанство. Ова се случува неколку години откако станал лидер на нацистичката партија и решил да се бори за Германија.

Бидејќи се откажал од државјанството, тоа значело дека доколку не добие друго државјанство може да биде депортиран, па така во 1932 година, министерот за внатрешни работи го направил Хитлер германски државјанин.

Адолф Хитлер обожавал да свирка

Една од омилените мелодии коишто сакал да ги свирка била популарната „Кој се плаши од волкот лош?“ во периодот кога Хитлер почнале да го нарекуваат „Волкот“, а за време на помалите воени победи во Втората светска војна, сакал да ја свирка дизниевата „Кога ќе си замислиш желба на ѕвезда“.

Експертите велат дека Хитлер бил многу болен

Многумина тврдат дека никој не може да го направи тоа што го направил Хитлер, освен ако нема сериозни здравствени проблеми, а експертите се сложуваат со овие тврдења.

Покрај можното губење на памтењето и деменцијата коишто го мачеле во подоцнежните години, тој најверојатно имал и Паркинсонова болест.

Сакал да стане свештеник

Кога бил помлад, уште пред да сака да стане уметник, Адолф Хитлер сонувал да стане свештеник. Најверојатно бидејќи пораснал во многу религиозна католичка фамилија, како дете редовно одел во црква и бил дел од црковен хор.

Сепак, како возрасен започнал да ја мрази католичката црква, иако му се восхитувал на Мартин Лутер и некои аспекти на протестанството.

Хитлер бил активист за правата на животните

Луѓето често пати се изненадуваат кога ќе го слушнат овој факт, бидејќи Хитлер не се грижел многу за правата на другите луѓе. Сепак, тој бил вегетаријанец скоро целиот свој живот и дури се борел да се имплементираат закони за правата и заштита на животните.

Се верува дека Хитлер, после крајот на Втората светска војна планирал да донесе закони за заштита на животните коишто ќе придонесат луѓето да јадат помалку месо.

9-pomalku-poznati-fakti-za-Adolf-Hitler (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg