Океаните се сини поради сонцето и уште 6 интересни факти за океаните

Без вода нема живот, но колку навистина знаеме кога се океаните во прашање? Постојат многу интересни факти врзани за „големото синило“, а ова се најинтересните и најмалку познатите.

7 interesni fakti za okeanite 01

Океаните се сини поради сонцето

Многумина мислат дека бојата на океаните е сина бидејќи ја рефлектираат бојата на небото, но всушност вистината е дека водата апсорбира црвена и портокалова светлина а рефлектира сина. Ова се случува само на големи површини вода, колку повеќе вода толку посина боја. Затоа водата во чаша нема сина боја како океанот.

7 interesni fakti za okeanite 02

Притисокот на дното на океанот е екстремен

Екстремен како да ве газат 100 слонови истовремено. Зборуваме за притисок од 8 тона на квадратен инч - притисок толку интензивен што не постои опрема што може да го издржи.

7 interesni fakti za okeanite 03

Океанот е полн со злато

Верувале или не, секоја капка вода во океанот има во себе многу, многу мала количина злато. Нема да се збогатите ако се наводените, но ако се пресмета колку вода има во океаните на нашата планета, може да заклучиме дека тие се златен рудник - вкупно има 20 милиони тони злато.

7 interesni fakti za okeanite 04

Океаните се причината поради која имате интернет

Поголемиот дел од каблите што овозможуваат интернет низ целата земјина топка се наоѓаат под вода. Тие се поставени со помош на бродови изградени специјално за таа намена, притоа особено внимавајќи да се на рамна површина далеку од еко системот на океанот. Некои кабли имаат и посебна заштита, во случај да бидат нападнати од гладна ајкула.

7 interesni fakti za okeanite 05

Највисоката планина на светот се наоѓа (половина) под вода

Со оглед на тоа што океаните покриваат 70% од површината на земјата, ова тврдење има смисла. Мауна Кеа на Хаваи е вулкан кој половина е под вода, но ако ги ставите еден до друг со Монт Еверест, овој вториот ќе изгледа како мало ритче.

Монт Еверест е највисоката планина според надморска височина, но ако сметате од дно до врв, хавајскиот вулкан победува.

7 interesni fakti za okeanite 06

Најголем дел од кислородот на земјата доаѓа од океаните

Многу луѓе не знаат дека 70% од целокупниот кислород на земјата е всушност е продукт од отпадот на еден планктон. Овие организми создаваат кислород преку фотосинтеза и се многу важни за опстанокот на животот на оваа планета.

7 interesni fakti za okeanite 07

Рибите кои пливаат во Антарктикот имаат протеин што ги спречува да смрзнат

Не е изненадување дека водата на половите е прилично ладна. Сепак, и покрај тоа, одредени видови на риби живеат во тие води - овие риби имаат биолошка компонента наречена гликопротеин и истата ги одржува во живот, односно делува како природен антифриз. Протеинот не дозволува да се создадат ледени кристали во нивната крв.

7 interesni fakti za okeanite 08

A. Ш | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg