Пред да го промените светот и земјата во којашто живеете, започнете од себеси
„Кога бев млад и слободен, а мојата фантазија немаше граници, сонував дека ќе го променам светот.
Кога остарев и станав помудар, дознав дека светот нема да се промени, па моите гледишта ги ограничив и решив да ја променам само мојата земја.
Но, и таа не се менуваше.
Кога се приближив кон последните години од мојот живот, во последен очајнички обид, решив да го променам само моето семејство, моите најблиски, но ете, ниту тие не сакаа да се променат.
А сега, на мојата смртна постела, конечно разбрав: првин требаше да почнам од себеси, тогаш ќе дадев пример за целото семејство.
Со нивната инспирација и поддршка, дури тогаш ќе можев да ја подобрам мојата земја, а којзнае, можеби ќе го променев и светот...“
(О)Милена | Црнобело