„Како е да се биде најпаметниот човек на светот?“, Ајнштајн: „Не знам, прашајте го Никола Тесла“
Никола Тесла, „таткото на наизменичната струја“, научник, иноватор и генијален ум без кој светот не би бил она што е денес, е роден на 10 јули, 1856 година во Смилјан. Родното место во тој временски период припаѓа во Австро-Унгарија (денешна Хрватска). Тој имал српско потекло, а подоцна добил и американско државјанство.
Тесла е практично предводник на Втората индустриска револуција, а сите негови откритија имаат непроценлива важност за развојот на модерниот свет.
Сепак, неговото име ретко ќе го забележите во списокот на највлијателните научници на сите времиња. Тој е запоставен и потценет, иако бил генијалец од калибарот на Леонардо да Винчи.
Тесла бил исклучително ексцентричен човек. Ги избегнувал дебелите луѓе во своето присуство, сметајќи ги за недисциплинирани, како и дамите кои носеле бисери, бидејќи не ги поднесувал.
Спиел само по 2 часа дневно, и бил лишен од секаква материјална зависност. Тој едноставно не се грижел за парите и сакал да му ги подари своите изуми на светот и неговото добро. Бил опседнат со гулаби... и со што уште?
Откријте ги останатите интересни факти од животот на Никола Тесла:
(О)Милена | Црнобело