14 нешта за кои никогаш не треба да се извинувате

Постојат некои нешта за кои не треба да се извинувате, дури и кога ви се чини дека можеби би требало да го направите тоа.

14-neshta-za-koi-nikogash-ne-treba-da-se-izvinuvate-01.jpg

Затоа, никогаш не се правдајте бидејќи:

1. Сте ризикувале да тргнете по пат поразличен од оној за кој ви зборувале другите.

2. За одлуката да се оддалечите од луѓе кои негативно влијаат врз вас и ви ја одземаат енергијата со својата токсичност.

3. Затоа што знаете како да се сакате себе.

4. Не сте внимателни и ги игнорирате оние кои ве бараат само кога им треба нешто од вас.

5. Затоа што го правите она што ве радува и весели, што и да е тоа, без оглед на мислењето на другите.

6. Затоа што сте едноставна личност во комплициран свет.

7. Затоа што сте мирни во свет полн со стрес, хаос и загриженост и затоа што не кревате многу паника.

8. Што ја кажувате вистината, иако сте свесни дека со тоа загрозувате нечие его или дека некој може да биде навреден.

9. За грешките од кои сте научиле лекција и кои нема да ги повторите.

10. Што се забавувате и уживате, иако оние околу вас ви велат дека треба да бидете посериозни, но вие не сакате да пропуштите ниту една прилика да славите.

11. За отвореното срце, иако со тоа ризикувате да бидете повредени.

12. Што своето тело го третирате како светост и што ви е важно и телесното задоволство.

13. Што не се откажувате од своите соништа, дури и кога други ви велат дека се бесмислени.

14. Затоа што сте се промениле. Не се извинувајте за различниот начин на размислување и постапување. Животот е моќна река која носи промени.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg