10 реченици на кои треба да се сетите следен пат кога ќе кажете „животот не е фер“
Ви се чини дека никако да ви тргне во животот? Ништо ви нема смисла и кога ја гледате поголемата слика, како постојано да стоите во место?
На секој од нас му се случило на периоди животот да му изгледа монотоно, неправедно, со измешани чувства заради кои полека губиме надеж во подобро утре.
Во тие моменти, сè што треба да направите е да си ги повторите следните 10 реченици:
1. Понекогаш само треба да поразговараш со 4-годишно дете и 84-годишен старец за одново да го засакаш и разбереш животот.
2. Што и да правиш, немој никогаш да се враќаш кај оној што се скршил.
3. Кога ти се чини дека немаш на што да си благодарен, само напипај го пулсот во раката.
4. Запамети дека ситуацијата во која си моментално не е твојата конечна дестинација.
5. Кога животот е сладок, кажи благодарам и слави. Кога животот е горчлив, кажи благодарам и учи.
6. Лошите работи кои ни се случуваат во животот понекогаш нè насочуваат на патот кон добрите работи кои допрва треба да ни се случат.
7. Секој ден е нова прилика да го промениш животот.
8. Најди нешто позитивно во секој ден, дури и во оној кога навистина ќе мора да бараш малку подолго.
9. Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.
10. Најлошото што ќе ти се случи во животот ќе те научи никогаш да не го земаш здраво за готово најдоброто во животот.
М. Д. | Црнобело