Била актерка, па станала психолог: 6 факти за свршеницата на Лук Пери

Тој не говореше јавно за врската со неа, а светот дозна дека биле свршени дури по неговата смрт, но Венди била жената што му ја вратила вербата во љубовта.

bila-akterka-pa-stanala-psiholog-6-fakti-za-svrshenicata-na-luk-peri-01.jpg

Смртта на Лук Пери, препознатливиот Дилан од серијата Beverly Hills, 90210, ги шокираше луѓето ширум светот, но, се разбира, најмногу го потресе неговото семејство. Неговите деца Џек (18) и Софи (21), поранешната сопруга Мини Шарм, како и свршеницата Венди Медисон Бауер беа покрај него во последните мигови.

Пери и 44-годишната Бауер својата романса ја држеа во тајност. Не е познато колку точно се состануваа, ниту колку време беа свршени, но парот првпат јавно се појави заедно на настанот GLAAD Media Awards во април 2017 година.

Факти за свршеницата на починатиот актер:

Венди направи Лук повторно да верува во брак по разводот во 2003 со мајката на неговите две деца, со која беше во брак од 2003 година. Инаку неговата ќерка Софи беше на хуманитарна мисија во Африка во времето на смртта на татко ѝ и потоа итно се врати назад.

bila-akterka-pa-stanala-psiholog-6-fakti-za-svrshenicata-na-luk-peri-03.jpg

Една пријателка на Лук за него изјави: „Тој ужива во улогата на татко на неговите деца, но вистинска среќа и радост пронајде со неговата голема љубов Венди.“

bila-akterka-pa-stanala-psiholog-6-fakti-za-svrshenicata-na-luk-peri-06.png

Венди е лиценциран семеен психолог и нуди психотерапија на возрасни личности, тинејџери и парови во нејзината отдинација. Специјализирана е за луѓе кои се справуваат со депресија и анксиозност, зависности и низа ментални нарушувања.

bila-akterka-pa-stanala-psiholog-6-fakti-za-svrshenicata-na-luk-peri-02.jpg

Таа е поранешна актерка и 12 години била дел од светот на шоубизнисот, пред да се врати во студентските клупи и во 2011 година да специјализира психологија.

bila-akterka-pa-stanala-psiholog-6-fakti-za-svrshenicata-na-luk-peri-05.jpg

Имала мали улоги во House и The Mentalist.

bila-akterka-pa-stanala-psiholog-6-fakti-za-svrshenicata-na-luk-peri-04.jpg

Родена е 1974 и живее во Лос Анџелес.

bila-akterka-pa-stanala-psiholog-6-fakti-za-svrshenicata-na-luk-peri-07.jpg

Прочитајте и Доживеа мозочен удар, син му е борач: 8 факти за Дилан од серијата „Беверли Хилс“!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg