Најдобрите мотивациски приказни на Бен Лајонел Скот кои ќе ве дигнат од креветот во рок од 5 секунди
Ако барем еднаш сте се обиделе да се мотивирате со YouTube видеа, сигурно сте изгледале најмалку едно од каналот на Бен Лајонел Скот.
Бен е едитор и продуцент на мотивациски и инсиративни кратки видеа кои ги пренесуваат приказните на едни од најуспешните луѓе во различни сфери и полиња.
Неговото најпопуларно видео е насловено како „Без изговори“ и ја раскажува следната приказна:
Што те кочи?
Преморен си? Не спиеше доволно? Немаш доволно енергија? Немаш доволно време? Дали тоа е она што те сопира во моментов?
Немаш доволно пари? Во тоа е проблемот?
Или проблемот кој те кочи - си самиот ти?
Изговорите им звучат најдобро на оние кои ги измислуваат.
Престани да се сожалуваш себеси.
Престани да се сожалуваш и да им раскажуваш на сите тажни приказни, обидувајќи се да ги натераш луѓето да се појават на твоите „забави и паради за жалење.“
Ако некогаш ме видиш во Ролс Ројс, во хотел со 6 или 7 ѕвезди, како го живеам животот на максимум, не биди љубоморен, бидејќи сум се изнаработел за да го добијам тоа.
Никој не ми дал ништо.
Помрдни го задникот. Разбуди го ѕверот во тебе.
Играта почнува. Време е да ги искористиш предностите и ресурсите кои ги имаш.
Имаш проблем со твојот живот? Имаш проблем со твојата околина?
Направи нешто.
Ако го сакаш, бори се за да го добиеш.
Важно е да препознаеш дека изговорите не се точни. Тие се измислени, предизвикани. Тие се лаги.
А, како ги запираш лагите? Ги победуваш со вистината.
А, вистината е... имаш време. Имаш способност. Имаш знаење, и поддршка, и моќ, и дисциплина за да го направиш тоа што го сакаш.
Целото видео изгледајте и ислушајте го во продолжение:
Уште 9 видеа кои имаат моќ да ве поместат од креветот или местото во кое се чувствувате заглавено во моментов:
Контролирај го умот
https://www.youtube.com/watch?v=ibUR41DRz2I
Без кратенки
https://www.youtube.com/watch?v=ZGU4lLJwFKo
Ова нека биде твоја година
https://www.youtube.com/watch?v=uIihCmRbp5o
Часовникот не застанува
https://www.youtube.com/watch?v=-YE_TGLElzw