„Ќе дојде време кога на убиството на животно ќе гледате како на убиство на човек“ – Најдоброто од Леонардо да Винчи

500 години по смртта на Леонардо да Винчи, се чини дека никој не може да ѝ се приближни на неговата генијалност.

1551349368166_630x340.jpg

Сликар, скулптор, архитект, научник, инженер, иноватор, астроном… десетици професии се прилепени до неговото име, а делата како „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“ остануваат едни од најинтригантните во историјата на уметноста.

Прочитајте ги неговите најдобри цитати:

 1. Едноставноста е најголемата софистицираност.

 2. Ништо не го зајакнува авторитетот како тишината.

 3. Ги сакам тие кои се смеат во неволја, кои наоѓаат сила во болката и стануваат храбри со самонабљудување.

 4. Од рана возраст ја отфрлив употребата на месо. Ќе дојде време кога луѓето како мене ќе гледаат на убиството на животни како на убиство на човек.

 5. Ништо не може да се сака или мрази пред да се разбере.

 6. Учењето никогаш не го исцрпува умот.

 7. Кој оди правилно, ретко паѓа.

 8. Ако си сам, си припаѓаш целосно себеси. Ако си придружен макар само од еден придружник, ти припаѓа само една половина од себеси или дури и помалку во согласност со промисленоста на придружникот. Ако имаш повеќе придружници, ќе западнеш уште подлабоко во истата мака.

 9. Бидејќи не можеш да правиш што сакаш, сакај го тоа што можеш да правиш.

10. Убавите и грдите нешта се зајакнуваат меѓусебно поради контрастот.

11. Исто како што железото ’рѓосува кога не се користи, така и интелектот се уништува од некреативноста.

12. Кога критикувате, критикувајте го делото, не авторот.

13. Оној кој е насочен кон ѕвездите, не гледа назад.

14. Среќата му се дава на оној којшто е многу трудољубив.

15. Кога не се искажуваат разумни аргументи, тие се заменуваат со плачење.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg