„Не се плашам од умирање. Се плашам дека не бев жив доволно долго“ - Филмски цитати кои се животни лекции
A Beatiful Mind (2002)
„Ништо не е сигурно, е единственото нешто во коешто сум сигурен“.
„Предавањата ќе ти го затапат умот, уништувајќи го потенцијалот за автентична креативност“.
„Можеби е добро да имаш прекрасен ум, но уште поголем подарок е да откриеш дека имаш прекрасно срце“.
The Imitation Game (2014)
„Понекогаш, луѓето за кои никој нема некое особено мислење ги прават работите што се незамисливи“.
„Дали знаеш зошто луѓето сакаат насилство? Затоа што се чувствуваат добро. Луѓето го доживуваат насилството со огромно задоволство. Но, отстрани го задоволството и самиот чин станува… ништожен“.
„Ако посакуваш да си нормален… ти ветувам дека јас не го сакам тоа. Светот е бесконечно подобро место, токму затоа што ти не си“.
Mr. Nobody (2009)
„Доколку ги измешаш пирето и сосот, не можеш подоцна да ги одделиш. Засекогаш ќе останат измешани. Чадот излегува од цигарата на тато, но никогаш не се враќа назад. Не можеме да се вратиме назад. Токму затоа е тешко да се избере“.
„Не се плашам од умирање. Се плашам дека не бев жив доволно долго“.
Doctor Strange (2016)
„Мислите ја обликуваат реалноста“.
„Смртта е она што му дава значење на животот. Да знаеш дека деновите ти се избројани, дека времето ти е кратко“.
(О)Милена | Црнобело