„Една смрт е трагедија, милиони се статистика“ - најмоќните цитати на Сталин
Јосиф Висарионович Сталин (1878-1953) бил лидер на Советскиот Сојуз од средината на ’20тите години, сè до неговата смрт во 1953 год. Со апсолутна власт, Сталин се смета за најдоминантната личност во историјата на СССР.
Сè уште се водат жестоки дебати врзани со неговото име во Русија. Едни сметаат дека Сталин бил херој и патриот, а други го преколнуваат поради неговата параноична и злосторничка природа.
Во секој случај, станува збор за личност која дефинитивно оставила огромна трага во историјата на светот. Еве како размислувал тој:
1. Писателот е инженер на човековата душа.
2. Не можете да кренете револуција со свилени ракавици.
3. Благодарноста е болест од која патат кучињата.
4. Кога ќе дојде време да ги бесиме капиталистите, тие ќе ни ги продадат јажињата со кои треба да ги обесиме.
5. Не верувам никому – дури ни самиот на себе.
6. Образованието е оружје чиј ефект зависи од тоа кој го држи во своите раце и кон кого е насочено.
7. Една смрт е трагедија, милиони се статистика.
8. Многу ѓубре ќе биде истурено на мојот гроб, но ќе го развее ветрот и историјата.
9. Верувам само во една работа, моќта на човековата волја.
10. Смртта ги решава сите проблеми. Нема луѓе, нема проблеми.
11. Искрениот дипломат му доаѓа нешто како сува вода или дрвено железо.
12. Идеите се помоќни од оружје. Ние никогаш не би дозволиле нашите непријатели да имаат оружје, па зошто би им дозволиле да имаат идеи?
(О)Милена | Црнобело