16 цитати со длабоко значење од најдобриот комичар - Џим Кери
Џим Кери е познат како еден од најдобрите комичари на денешницата, но приватно е далеку од несериозен.
Приватно, животот не му е само смеа. Кога бил млад, неговиот татко останал без работа, па целото семејство било принудено да живее во мини-комбе. Сепак, и покрај црните сценарија кои му се случувале, решил да верува во Универзумот и неговата моќ.
Додека живеел во Канада без денар во џеб, надеж му давале замислените сценарија во кои славни актери и режисери му кажувале како им се допаѓа она што тој го прави.
Неговата самосвест и емоционална интелигенција го прават одлична инспирација за оние кои сакаат да веруваат дека можат.
Ве мотивираме низ 16 цитати од Џим Кери:
„Подобро е да ризикуваш да прегладнеш до смрт, отколку да се откажеш. Ако се откажеш од своите соништа, што ти останува?“
„Мојот фокус е да заборавам на болката во животот. Заборави ја болката, потсмевај ѝ се, намали ја. И смеј се!“
„Сметам дека сите би требало да бидат богати и славни и да го прават она што отсекогаш сонувале да го направат, за да сфатат дека тоа не е клучно.“
„Ако не сте присутни во моментот, или гледате напред кон неизвесното, или назад кон болката и каењата.“
„Ако не си очаен во одредена точка од животот, не си интересен.“
„Има утра кога се будам и седам додека го пијам кафето, гледам кон прекрасната градина и си велам: Запомни колку е добро ова што го имаш. Бидејќи можеш лесно да го изгубиш.“
„Мојата душа не е заробена во границите на можностите на моето тело. Моето тело е заробено во бесконечноста на мојата душа.“
„Има голема разлика помеѓу кучето кое во вашиот ум изгледа дека може да ве касне и помеѓу кучето кое реално ќе ве касне.“
„Позади секој голем маж стои жена која превртува со очите.“
„На луѓето им треба мотивација за да направат било што. Сметам дека луѓето не можат да научат ништо, без да ја искусат депресијата.“
„Обожавам да глумам его и несигурност истовремено.“
„Навистина верувам во филозофијата дека сам си креираш сопствен Универзум. Се обидувам да создадам еден прекрасен за себе.“
„Знаеш, не можеш да бидеш ѕвезда во рамките на домот.“
„Пристигнав на место каде ако не преземам ризик, не сум среќен. Ако сум исплашен, тогаш знам дека се соочувам со позитивен предизвик.“
„Потребата за прифаќање од околината може да ве направи невидливи во овој свет.“
„Ефектот кој го имате на другите е највредната валута која постои.“
М. Д. | Црнобело