„Сè ви е достапно, само вие сте отсутни“ - Мудрата мисла на Ошо која ќе ви ја промени перцепцијата
На поставеното прашање за време на едно интервју во САД – „Дали имате животна филозофија?“, Ошо одговорил: Немам животна филозофија. Јас го имам својот живот. Постојат луѓе кои имаат животна филозофија, но немаат живот.
„Значи вие уживате во животот и не се грижите за тоа што ќе се случи утре?“ – го запрашал водителот.
„Утре не постои“, гласел одговорот на Ошо. Доколку постои, вие не можете да престанете да се грижите. Утрото никогаш не доаѓа. Тоа е процес на грижа. Не постои ни вчера.
Сè што имате во вашите раце е овој момент, овде и сега. И тоа е едно чудесно искуство. Доколку не постои вчера ниту утре, во овој момент вие сте смирени и сите грижи исчезнуваат.
Сите размислувања, соништа и планови исчезнуваат. Таа радост се раѓа токму во овој момент. Но, вие никогаш не сте овде, секогаш сте на некое друго место. Никогаш не сте „тука“, секогаш сте „некаде“. Сè ви е достапно, само вие сте отсутни. Посакувам луѓето да разберат едноставен факт, не филозофија. Нешто егзистенцијално, наместо филозофско – бидете присутни во сегашниот миг и набљудувајте што ви се случува сега и тука“.
(О)Милена | Црнобело