„Крварам секој месец и не умирам - како не сум магична?“ - тивката поетеса Наира Вахид која целосно ќе ве обземе
Наира Вахид (ориг. Nayyirah Waheed) е поетеса која има издадено две книги досега. Многу малку детали се знаат за нејзиното детство и животот. Самата Наира се опишува себеси како „тивкиот поет“ кој не споделува работи за себе на социјалните мрежи.
Нејзината прва книга со песни насловена „Сол“ (salt) во 2013 година предизвика огромно внимание. Поезијата гравитира околу неколку теми – љубов, идентитет, раса и феминизам.
Поетесата се соочила со проблеми околу издавањето на првата книга па решила да ја издаде самостојно, иако нејзината работа во тој временски период била дочекана „на нож“ од страна на критичарите.
Сепак, обожавателите се бројат над 700 илјади на Инстаграм во моментов, а Наира ја има потпишано и втората книга поезија nejma во 2014 година.
Запознајте ги одблиску нејзините стихови: