Ги разоткри нерешливите проблеми меѓу генерациите – најдобрите цитати на Иван Тургенев
Тургенев се одликува со „скромна“ слава наспрема онаа на Достоевски и Толстој. Но рускиот автор од 19 век разоткри неколку вечни проблеми кои го мачат човештвото, меѓу кои и генерацискиот јаз кој го овековечи засекогаш преку неговите зборови и дела.
Меѓу најпознатите се вбројуваат: Татковци и деца, Дворјанско гнездо, Асја, Рудин, Спроти новите дни, како и збирката раскази Записите на ловецот и драмата Еден месец на село.
Овој значаен претставник на рускиот реализам воедно го смислил и изразот „Тургеневска девојка“.
Луѓето замислувале поспана и меланхолична девојка, но во реалноста терминот означува храбра и паметна млада жена со силен морал, која е умствено многу посилна од мажот.
Прочитајте ги неговите најдобри цитати:
1. Прекумерната гордост е симбол на ситна душа.
2. Секоја мисла потсетува на тесто: треба добро да се измеси и со неа можеш да направиш сè. Постојат 3 типови егоисти: Егоисти кои живеат и им даваат и на другите да живеат, егоисти кои живеат, но не им дозволуваат на другите да живеат и на крајот – егоистите кои ниту живеат, ниту им даваат на другите да живеат.
3. Вистината која не е изречена во вистинското време е полоша од лагата.
4. Беден е оној кој живее без идеали.
5. Постојат насмевки полоши и од солзи.
6. Доколку вечно го чекаш вистинскиот момент, никогаш нема ништо да започнеш.
7. Зборот „утре“ е измислен за неодлучните луѓе и за децата.
8. Љубовта е посилна од смртта и од стравот што настапува пред смртта.
9. Несфатени се само оние луѓе кои или не знаат што сакаат или не се доволни вредни да бидат сфатени.
10. Ништо не заморува повеќе од недуховит ум.
11. Среќата е како здравјето, доколку не го забележуваш значи дека го имаш.
12. Душата не е јаболко – не можеш да го разделиш.
13. Солзите се слични на бура – после нив човекот е секогаш помирен.
14. Бескорисно е на човекот со предрасуди да му се докажува неоправданоста од ваквите мисли.
15. Кога еднаш ќе ја навикнеме својата совест да прифати нешто како „нужно зло“, сè повеќе работи почнуваат да ни изгледаат „нужно“, а сè помалку како „зло“.
(О)Милена | Црнобело