Алкохол на 13, секс на 14: Мрачните тајни за детството на Бритни Спирс
Токсичното детство полно со злоупотреба, мајката што ја терала да работи од најмлади години и ѝ ги трошела парите и таткото алкохоличар се поплочениот пат до нервниот слом на Бритни.
На 20-тина години доживеа нервен слом, ја избричи главата, зборуваше бесмислици и заврши на рехабилитација.
Не се ни појавуваше на сослушувањата за старателство врз нејзините синови и светот беше запрепастен, но не и луѓето од нејзиниот роден град Кентвуд во Луизијана кои знаеја за тешкото детство нa Бритни Спирс.
Факти за нејзиното мрачно детство:
Била „картата“ за добар живот на мајка ѝ
Талентот на Бритни бил забележлив уште на 2 години, а веќе на 3 таа пеела, танцувала и вежбала гимнастика и била „картата“ за добар живот на нејзината мајка Лин.
На 6 години добила титула Мис талент, а неколку години подоцна се преселиле со мајка ѝ во Њујорк, каде Бритни постојано одела по аудиции и работела и работела.
Татко ѝ бил алкохоличар
Нејзиниот татко Џејми пиел премногу, постојано шетал со другарите до раните утрински часови, ја изневерувал мајка ѝ и бил дел од низа скандали.
Целиот живот врската со Бритни им била топло – ладно, сè додека по нејзиниот нервен слом тој не бил назначен како одговорен за неа, а на изненадување на сите и успешен во улогата.
Засолниште кај тетка ѝ
Бритни растела со мајка која ја форсирала премногу и татко пијаница и била заробена во нивниот токсичен брак. Тие имале 3 деца, но не им обезбедувале здрава средина за растење. Летале чаши и погрдни зборови секој ден, а Бритни пронаоѓала утеха и засолниште кај нејзината тетка, која живеела во приколка.
Оттука почнале да се појавуваат првите симптоми кај Бритни, таа станала брутална и сакала по секоја цена да биде во центарот на вниманието.
Шетала гола пред сите во домот и консумирала алкохол и дрога
Лин и Џејми биле родители губитници според многумина. На нивните деца им дозволувале да шетаат голи низ домот, па дури и да пијат алкохол.
Лин дури ја охрабрувала 14-годишната Бритни да се состанува со 18-годишен фудбалер затоа што сметала дека тоа ќе ѝ донесе слава.
Бритни почнала често да седи во барови со нејзиниот постар брат Брајан, а веќе на 16 години се качила во авион со ќесе полно марихуана и кокаин.
Празен фрижидер и неодговорни родители
Бритни работела уште како дете, а мајка ѝ шетала по светот со нејзините пари, додека татко ѝ лежел пијан на каучот. Фрижидерот им бил често празен, а тие се хранеле од тоа што ќе уловел со пушка во шумата.
Мајка ѝ ги трошела нејзините пари
На 12 години Лин по втор пат ја однела Бритни на аудиција за The All New Mickey Mouse Club и овој пат поминала и во 1993 и 1994 Бритни работела активно, а Лин уживала во парите што ќерка ѝ ги заработувала.