„Бог сигурно ја создал жената во сабота, се гледа колку бил уморен“ - најинтересните цитати на Александар Дима

Александар Дима е француски писател, роден на 24 јули во 1802 година, a починал на 5 декември 1870 година.

Najinteresnite-citati-na-Aleksandar-Dima-01.jpg

Тој е еден од најчитаните француски писатели, а неговите новели претставуваат инспирација за создавање на преку 200 филмски адаптации.

Меѓу неговите најпознати дела се истакнуваат: „Грофот од Монте Кристо“, „Тројцата Мускетари“, „Дваесет години потоа“, „Виконтот од Брагелон: Десет години подоцна“ и многу други.

Затоа, несомнено е дека вака плоден писател има неколку мудри мисли од коишто сите можат да извлечат поука:

1. „Целата човечка мудрост може да се сведе во два збора – чекање и надеж.“

2. „Сите за еден, еден за сите.“

3. „Секое воопштување е опасно, дури и ова.“

4. „Според светото писмо, жената е последното дело коешто го создал Бог; сигурно тоа го направил во сабота, бидејќи се гледа колку бил уморен.“

5. „Како тоа малите деца се толку интелигентни, а возрасните се толку глупави? Мора да е до образованието.“

6. „Оној што чита знае многу, оној што забележува знае уште повеќе.“

7. „Среќата е како палата од бајка којашто ја чуваат змејови. Мораме да се бориме за да ја освоиме.“

8. „Жените се немилосрдни кон луѓето коишто не ги сакаат.“

9. „Ништо не успева така како успехот.“

10. „Честа е почитување на она што им го должиме на другите, а особено на она што си го должиме себеси.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
Цитати од култни филмови кои ќе ве натераат да размислувате за животот и себеси „Медицината, правото, бизнисот, инженерството, ова се важни нешта, неопходни за ...
Носат пелени за време на летови и уште 7 забавни факти за астронаутите Кога се на Меѓународната вселенска станица, времето за астронаутите минува малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg